alkohol_1
1) Алкохолот е само лоша навика

Алкохолот е зависност и заболување кое на време треба да се препознае и излекува – болест на нервниот централен систем која предизвикува тешки физички, ментални, социјални и економски последици врз поединецот, но и општеството во целина. Само алкохолот го зголемува ризикот од настанување на повеќе од 60 различни болести.

2) Добар е за циркулација

За време на зимскиот период, луѓето често консумираат алкохол за да се загреат. Но, овој ефект е само моментален. Алкохолот предизвикува ширење на крвните садови, со што се намалува и телесната температура.

3) Го поправа расположението

Често лицата кои имаат некој проблем утехата ја бараат во пијалокот, а со тоа си отвораат и дополнителен проблем.  Алкохолот е главен причинител на депресија, додека секое шесто самоубиство во Европа е последица на прекумерното опивање.

4) Пиењето е само мој проблем

Се проценува дека зависноста на една личност од алкохол просечно влијае на пет други личности во неговото непосредно окружување. Личноста која има проблем со пиењето ги занемарува своите секојдневни обврски на работа, како и обврските кон семејството.

5) Можам да престанам кога ќе посакам

Многумина луѓе можат да престанат кога ќе посакаат, но престанувањето трае во просек до шест месеци. После тоа, пиењето станува шема на однесување. Одвикнувањето од алкохолот е сложен и долг процес кој е неопходно да биде следен од стручен надзор.

 

alkohol_2

6) Алкохоличар може да биде само некој скитник или пропалица

Алкохоличар може да биде и угледна личност која оди нормално на работа и е ценет работник, но после работа или за време на викендот е совладан од желбата за пијалок.

7) Mожам да возам, пиев пред час-два

Еден час по пиењето, нивото на алкохол во крвта е најголем. Доколку, на пример сте испиле четири часа вино, нивото на алкохол во крвта ќе биде околу 1 промил, и заради тоа возењето во оваа состојба е потполно неприфатливо. Никаква камуфлажа како бомбона, мастика за џвакање или спреј за освежување на здивот нема да ви помогне на алко-тестот. За потполна апсорпција на алкохолот во крвта потребно е да поминат 24 часа, така што ни утрото после бурната ноќ со пиење, не се препорачува седнување зад воланот.

8) Јади добро за да не се напиеш

Храната може да влијае единствено на одложување на апсорпцијата на алкохол во крвотокот, но нема да ја сопре. Колку пиете, толку и ќе се напиете, без разлика на претходниот ваш оброк. Ни кафето нема да го отстрани мамурлакот – кафето е диуретик, па организмот дополнително ќе дехидрира.

9) Оставете го пијаниот да се наспие

Најлошо што може да се направи во оваа ситуација е пијаниот човек да го оставите сам. Алкохолот ја забавува работата на срцето, дишењето, го намалува крвниот притисок, во некои слуачеви може да доведе до кома и смрт, а уште една од опасностите е пијаната личност да се загуши додека повраќа.Пијаната личност треба да лежи на страна под постојан надзор, а доколку се забележи дека дишењето и пулсот се слаби, задолжително треба да се викне Брза помош.

10) Не ми треба лечење од алкохол

Ова е болест со висок степен на рецидив, па затоа придржувањето до советите на лекарите, како и одговорно однесување на пациентите за време на лекувањето е од непроценлива важност.

Дополнителни факти

Консумацијата на алкохоле е одговорна за 3,3 милиони смртни случаи во целиот свет во текот на 2012 година, се наведува во извештајот на Светската Здравствена организација (СЗО) Алкохолот може да го зголеми ризикот за заболувања од дури 200 болести “Кога сето тоа ќе се земе во предвид, се доаѓа до податок дека алкохолот може да предизвика една смрт на секои 10 секунди”, вели Шехар Саксен од СЗО.

Алкохолот дебелее

Алкохолните пијалоци се меѓу најкалоричните течности кои ги внесуваме во организмот.Алкохолот ја намалува способноста на вашето тело да ги согорува мастите дури до 36 отсто и го поттикнува организмот да создава масни залихи.
Алкохолот го зголемува апетитот, поточно, ве наведува да јадете храна која треба да ја избегнуваме – брза храна, грицки, слатки