Од болни мускули до здодевност. Не сте првите кои се соочуваат со овие јадови кога ќе се решат да трчаат. Погледнете со какви се проблеми се соочуваат новите тркачи и како најдобро да ги надминете.

1. Снеможеност во првите неколку минути

Најверојатно еден од најобесхрабрувачките елементи при влегувањето во рутината на трчање е увидувањето дека не сте во онаа форма во која сте мислеле дека сте. Повеќето од тркачите се фаќаат себеси како повеќе одат или лесно џогираат одошто што навистина трчаат. Но, не тревожете се. Само затоа што ви се потребни неколку паузи помеѓу трчањата не значи дека не сте тркач. Напротив. Истражувањата докажале дека интервалите помеѓу трчањата можат да помогнат во одржување на целокупното темпо.

2. Два збора: Болка. Мускули

Болката ден по трчањето е реалност. Ако имате мали болки во мускулите, нема место за паника. Но, доколку болките се поинтензивни, можно е да се имате здобиено со некоја повреда при трчањето.

3. Стресна агонија од будењето во 06.00 часот наутро

Заспаниот ум постојано ќе ви вели дека креветот е подобар од трчањето (честопати креветот ќе победува. Барем на почетокот). Ако ви е потребна дополнителна мотивација, почнете да се загревате дома со лесни вежби пред да тргнете на трчање.

4. Здодевност

Делумно причината поради која повеќето од новите тркачи се откажуваат и не влегуваат во рутина е самото трчање, кое знае да биде здодевно на повеќе моменти, посебно ако се трча се на една исто место. Откријте нови патеки и места за трчање, па ќе видите колку брзо трчањето од здодевно ќе ви стане многу забавно и интересно.

5. Обидете се да ја пронајдете вашата совршена маршрута

Пронаоѓањето на вашето соврешено место за трчање е како да сте си нашле одличен стан за себе. На почетокот се чини недостижно, за на крајот да го пронајдете одамна бараното богатство. Вистинска добивка! Без разлика дали сте во бујна природа или на градска патека за трчање, важно е да се пронајдат маршрутите кои ќе ви одговараат, со цел трчањето да ви биде забавно.

6. Радоста од бирање нова облека за трчање

Елегантни хеланки! Светлечки патики! Одлични тренерки!

7. Трчање кон (повеќебројни) целни линии

Акко некогаш сте си рекле во себе, ,,да издржам уште само некој метар,,, не сте единствени. Всушност, бирањето некаква произволна, измислена целна линија за време на трчањето може многу да го подобри вашето достигнување. Истражувањата покажуваат дека оние кои си замислуваат некаква точка во далечината трчаат побрзо и чувствуваат помалку напор од оние кои притоа не се концентираат на ништо.

8. Преговарање со самите себеси за време на трчањето

Сакате да стигнете на време за да ја изгледате омилената серија, филм или емисија после трчањето. Тогаш речете си во себе дека ќе поминете набрзина уште неколку блока и ќе стигнете на време. Секако дека ќе стигнете и нема потреба тоа да си го кажувате, но сепак охрабрува и дава сила во моментот.

9. Составување листа со омилени песни кои постојано ќе ве мотивираат

Едноставната апликација со музика нема да ви помогне многу кога градите ќе ви експлодираат, а нозете не ги ни чувствувате за веме на трчањето. Не. Единствено нешто што ќе ве охрабри се омилените песни кои најмногу сакате да ги слушате и кои ќе ве инспирираат да издржите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина