Пробиотици – борба помеѓу добри и лоши бактерии
Ако го споредиме бројот на клетките во еден човечки организам и бројот на бактерии кои го населуваат, заклучокот би можел да гласи дека сме повеќе бактерии од луѓе. Вистина дека сите ние имаме во цревата различни видови бактерии, а нашата флора тежи неверојатни 1,3-2 кг. Многу од овие бактерии ни се потребни и корисни. Но, што се случува кога ќе се наруши рамнотежата помеѓу добрите и лошите бактерии?
Бактериите кои живеат во нашите црева ги делиме на ,,добри, или полезни, и на ,,лоши,,, или патогени. Нивната рамнотежа одредува бројни функции во дигестивниот систем и влијазе врз целокупното здравје на организмот. Добрите бактерии со својот метаболизам создаваат неповолни услови за раст на патогените микроорганизми, ни помагаат од храната да ги добиеме сите важни хранливи материи и енергија, а одговорни се и за синтезата на витаминот К во некои витамини од Б-групата.
Пробиотиците кои ги содржат ,,добрите,, бактерии, не се само тренд во исхраната, туку повеќе се потреба за организмот. Поимот пробиотика е воведен во 1965 година, и се однесува токму на микроорганизмите кои имаат позитивно дејство врз здравјето на луѓето. Концептот се базира на сознанието до кое дошол Нобеловецот Илја Илич Мечников, кој за првпат сугерирал дека за долговечноста на бугарските селани е одговорна интензивната и редовна употребата на ферментирани млечни производи во нивната исхрана.
Уживајте во млечните производи
Пробиотиците најдобро е да се земаат со храна, бидејќи е така најздраво. Со пробиотици изобилуваат јогуртот, кефирот, киселото млеко и сирењата. Истражувањата потврдуваат дека пробиотиците помагаат кај многу здравствени проблеми, бидејќи го јакнат имунитетот, спречуваат инфекции, ги ублажуваат алергиите и астмите, ја зголемуваат отпорноста на стрес, штитат од вагинални инфекции, го потмомагаат слабеењето, помагаат во случаи на грчеви кај бебињата, лекуваат дерматитис, егзем и псоријаза. Антибиотиците кои сите нив ги пиеме наменети се за уништување на деструктивните бактерии, но во исто време можат да ја убијат и здравата цревна флора, која ни помага при варењето. Поради тоа, многу често докторот покрај антибиотици ќе ни препише и пробиотик, за да може организмот да го поврати потребниот број на добри бактерии.
Сигурно до сега имате патено од синдромот на нервозни црева, предизвикан од стрес. Хормонот на стрес, кортизолот, го забавува ослободувањето на стомачните киселини и празнењето на цревата, т.е. доведува до затвор или претерано го поттикнува колонот и така го забрзува преминот на содржината низ цревата. За да ги спречите овие непријатни појави, треба да пиете секој ден напитоци богати со пробиотици, како што е јогурот или киселото млеко, кои им помагаат на добрите бактерии да си ја завршат својата работа.
Истражувањето на PANDA (Probiotics and Allergy) покажало дека постои цврста врска помеѓу цревната флора и алергиите. Кај оние бебиња кај кои мајките за време на бременоста земале пробиотици, забележани се 80% помалку случаи на алергии, дерматитис или астма. Пробиотските бактерии спречуваат инфекции, го јакнат имунитетот, ја зголемуваат отпорноста од стрес, помагаат при желудочни проблеми. Покрај овие болести, се покажале како ефикасни и за лекување на многу други болести, со што навистина можат да се наречат одлични помошни терапевтски средства.



