Овошјето, растенијата и семињата се природни извори на есенцијални масти кои содржат минерали, витамини и други витални супстанции потребни за човековото тело. Едно од нив е и авокадото, за чија ефикасност се пишува уште во списите на древните цивилизации. Неговата употреба е голема, а меѓу најпознатите се следниве.

 

Го подобрува здравјето на кожата

 

Најпопуларните погодности на маслото од авокадо се однесуваат на унапредување на здравјето на кожата и на косата. Ова масло содржи висока концентрација на витаминот Е, кој е многу важен во одржувањето на здравјето на кожата. Директното нанесување на маслото од авокадо на кожата доведува до намалување на појавата на старечки дамки, брчки и други знаци на стареење. Истражувањата покажале дека и оралното консумирање на маслото од авокадо дава слични резултати.

 

Ја хидратизира кожата

 

Се продаваат мноштво препарати за нега на косата кои содржат масло од авокадо. Две важни супстанции полезни за косата и кожата кои се наоѓаат во ова масло се лецитинот и стеролинот. Лецитинот формира заштитен слој на површината на кожата и фоликулите на косата, додека стеролинот хидратизира и омекнува. За оваа примена маслото од авокадо се нанесува површински.

 

Волшепствата на маслото од авокадо можат да се искористат и орално, како додаток во јадењата, но и во бања, за поизразени позитивни својства.

 

Најчесто ова масло се користи во комбинација со кокосовото масло,  за сува и оштетена коса, а има ефект на забрзување на растот на косата и спречување на понатамошно нејзино опаѓање. Покрај сите предности кое ги има маслото од авокадо за косата и кожата, тоа има и многу здравствени предности генерално. Испробајте го веднаш.

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина