Еден поглед во некоја теретана јасно покажува дека дури и на мажите им е тешко да креваат тежини, а камоли на жените. Статистиката дека жените имаат за 15 пати помалку тестостерон од мажите е честопати цитирана кога треба да се објасни дека една жена во секој случај не може да формира големи мускули. Така, општа препорака во денешните кругови на фитнесот е дека жените можат да тренираат исто како мажите, но дека не можат да очекуваат дека мускулите многу ќе им пораснат. Постои малку вистина во ова, но каузалноста оди во спротивен правец. Пред да го објасниме ова, да погледнеме прво како природниот мускулен потенцијал се споредува со оној на мажите. Колку мускули една жена може да изгради во споредба со еден маж изразено во проценти? Дали тоа се споредува со нивото на тестостерон? Одговорот е 100%. Жените добиваат ист процент на мускулна маса како и мажите за време на напорен тренинг. Всушност, жените добиваат исто толкава големина и понекогаш и повеќе сила од мажите. Единствена разлика е почетната точка. Мажите стартуваат со поголема мускулна маса и поголема сила од жените, иако споредбеното зголемување на мускулната големина е иста помеѓу едните и другите. До овој заклучок дошло и истражувањето вршено над метаболизмот на протеините. Жените градат исто онолку протеински мускули по тренинг и по оброци како и мажите.

Жените наспроти мажите во врвните елитни спортови

Жените спортистки во врвните спортови имаат 85% мускули како и мажите спортисти. Истражуваните спортови ги вклучуваат Олимписките кревање на тегови и комбинираното, составено од три дисциплини, кревање на тегови. Разликата од 15% може лесно да се објасни со 3 фактори:

  1. Жените имаат генетски поголем процент на телесни масти. Кај жените има 12% телесни масти, кои им служат за регулирање на нивните хормони, споредено со само 3% кај мажите.
  2. Луѓето имаат помали очекувањата од жените. Дури некои жени и сами се потценуваат дека физички не можат да постигнат онолку колку мажите.
  1. Во спортовите има повеќе мажи отколку жени. Поради тоа е потешко да се дојде на врвот во врвните спортови. Врвните мажи спортисти се чини се најдобрите кои машката раса може да ги даде. Кај жените можеби постојат потенцијални светски рекордерки, но тие никогаш нема да го дознаат тоа кога никогаш се немаат ни испробано.

Улогата на тестостеронот

Повеќе тестостерон значи повеќе мускулна маса. Нема сомнение во тоа. Помеѓу половите, оваа врска станува се послаба. Едно истражување спроведено од страна на списание за здравје, дошло до заклучок дека,Разликата во телесната маса е доволна за да се докажат видливите разлики во силата и аеробните перформанси помеѓу половите, без притоа да постои потреба да се истакне дека перформансот е секако одреден од разликите во нивоата на тестостерон.

Како е можно ова? Тестостеронот функционира различно кај мажите и жените. Кај животните имаме сосема јасно објаснување за тоа зошто тестостеронот е непотребен за развивање на мускулите кај женките. Се чини дека факторите за раст, како IGF-1, и хормоните за раст, ја преземаат анаболичката улога која тестостеронот ја има кај мажите. Факторите за раст се многу поважни за силата и мускулната маса кај жените отколку кај мажите. Со оглед на тоа што жените имаат исто онолку IGF-1 како и мажите и што тие произведуваат за три пати повеќе хормони за раст од мажите, ова делумно дава објаснување зошто имањето помалку тестостерон не ги ограничува во тоа колку мускули ќе изградат.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина