И покрај милионите препарати за интимна хигиена, жените веќе во тинејџерските години почнуваат да ја преиспитуваат свежината на својата вагина. Вистината е дека не постои дама на која вагината и мириса на рози, но вистина е исто така и дека можат да се почувствуваат непријатно, а ова се можните причини за тоа.

Прво треба да се објасни како знаеме кога вагината мириса непријатно. Како што вели одреден број гинеколози, нормално е некој кој е оддалечен на чекор од вас да го почувствува мирисот од вагината. Но, ако таа миризба е многу посилна, значи дека имате проблем, и тоа веројатно некој од наброениве.

Бактериска вагиноза

Вагината природно има голем број здрави бактерии, но кога ќе се наруши рамнотежата, тогаш нездравите бактерии го преземаат водството, а тука главен виновник најчесто е бактеријата Gardnerella vaginalis. Симптомите на вагиноза вклучуваат сивкаст и редок исцедок со силен мирис на риба. Овој непријатен мирис посебно се чувствува во допир со сперма, па многу жени сфаќат дека нешто не е во ред токму за време на сексуалниот однос. Вагинозата лесно и брзо се лекува со антибиотици.

Исхрана

Изреката ,,она си што јадеш,, се однесува и за вагината. Според тоа, ако јадете премногу лук, кромид, шпаргли или кари, ќе се соочите со последиците.

Пот

Како и кожата под пазувите, така и гениталиите се склони кон претерано потење. Кога покрај потта ќе има и исцедок, имате рецепт за непријатен мирис. Затоа редовно менувајте ја долната облека, бирајте природни материјали и грижете се за хигиената.

Хормонски промени

Количината секрет варира низ менструалниот циклус, а тука улога имаат и контрацептивните пилули. Тука е и менопаузата, кога поголемиот број жени патат од поитензивен мирис на вагината, како резултат на намаленото ниво на естроген, кога и се поподложни на габи и вагинози.

 

 

Тагови: вагинажени
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина