Фолната киселина е клучна за раст и развој, за работење на нервниот систем, правилно функционирање на мозокот и заштита на телото од предвремено стареење. Го намалува ризикот од настанок на различни видови рак, вклучувајќи го и оној на дебелото црево, грлото на матката и белите дробови. Во бременоста, фолната киселина помага за раст на фетусот и плацентата. Го намалува ризикот од настанок на низа вродени нарушувања.

Недостигот на фолна киселина најчесто се јавува кај трудниците, алкохоличарите, оние кои боледуваат од болести на црниот дроб и бубрезите. Стручњаците препорачуваат оолу 400 микрограми фолна киселина дневно за возрасни, а за деца по 300 микрограми. Фолната киселина може да се внесува по пат на суплементи или на цели намирници. Некои од најдобрите извори на фолна киселина се агрумите, зелениот лисјест зеленчук, житарките од цело зрно, гравот и мешунките.

Анемија

До анемија доаѓа кога телото не произведува доволно здрави црвени крвни зрнца, односно хемоглобин. На крвт аи е потребна фолна киселина за да ги произведе овие клетки. Ниското ниво фолна киселина може да доведе до мегалобластична анемија, која го спречува развојот на црвените крвни зрнца.

Хронично ниско ниво на енергија

Хроничното ниско ниво на енергија и замор можат да бидат симптоми за недостиг на фолна киселина. Хроничниот замор е состојба која се карактеризира с недостик на енергија која трае подолго од 6 месеци. Една од примарните функции на фолната киселина е регулацијата на надбубрежната жлезда.

Зачестени болести

Фолната киселина ја регулира работата на имунолошкиот систем. Научниците утврдиле дека недостигот на фолна киселина може да го наслабне имунолошкиот систем и да го зголеми ризикот од појавата на низа болести, вклучувајќи бактериски и вирусни инфекции, како што се настинка и грип.

Нагли промени на расположението

Наглите промени на расположението можат да бидат симптом за низа разни болести, состојбии нарушувања. Наглите промени на расположението се еден од првите симптоми за недостиг на фолна киселина.

Проблеми со варењето

Фолната киселина ја регулира работата на системот за варење, го стимулира производството на желудочна киселина, која е клучна за правилна работа на системот за варење. Фолната киселина го намалува ризикот од појава на запек, грчеви, мачини и проливи.

Нездрава кожа

На кожата многу често можат да се забележат симптоми на низа различни болести, состојби и нарушувања. Фолната киселина е клучна за обновување на ДНК и за намалување на ризикот од оштетување на клетките на кожата. Научниците откриле може да го намали ризикот од појава на рак на кожата.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина