За акаи бобинките многу се зборува во последно време. Трговците ги нарекуваат супер храна, преполна со антиоксиданси со својства кои го забавуваат стареењето и ги топат калориите, a козметичката индустрија се повеќе ги користи во своето производство. Но, што има да каже на тоа науката?

Акаи бобинките се ситно виолетово овошје плод од акаи палмата, карактеристична за подрачјата на Северна и Јужна Америка. Според некои теории богати се со антиоксиданси и делуваат превентивно на болестите на срцето и канцерогените заболувања. Она што сигурно е најдено во акаи бобинките се антоцијанини и флавоноиди. Антоцијанините се заслужни за нивната виолетова боја, а се наоѓа во некои од најздравите намирници, како што се боровинките, грозјето…

Антоцијанините и флавоноидите се многу силни антиоксиданси кои му помагаат на организмот да се брани од разни животни поттикнувачи за стрес. Исто така имаат многу важна улога во системот на заштита на клетките и го бранат организмот од штетните влијанија на слободните радикали. Ако јадеме храна која е богата со антиоксиданси, нашиот организам ги неутрализира слободните радикали и со самото тоа го забавува процесот на стареење. Добра превенција се и од срцеви болести и од канцерогени заболувања. Некои истражувања покажале дека месестиот дел од акаи бобинките содржат повеќе антиоксиданси од брузниците, капините, малините и боровинките, што не е воопшто лесно да се надмине. Иако акаи бобинките долга низа години се користат во исхраната за да се подобри општата здравствена состојба, нивните лековити својства, научно, се уште не се стопостотно со сигурност утврдени.

Акаи бобинките во служба на убавината и губењето на килограмите

Иако многу произведувачи го потенцираат влијанието на ова овошје врз губењето на килограмите, тоа не е докажано. Овие бобинки ништо подобро не ги топат килограмите од останатите овошја бобинки. Кога се работи за козметичката индустрија, тука ситуацијата е малку поинаква. Докажано е дека маслото добиено од овие бобинки многу позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата и косата и тоа од причина што во текот на процесот на неговото добивање нивото на антиоксиданси во акаи бобинките се зголемува. Ако сте алергични на полен или од некое друго овошје бобинка, акаи бобинките треба да се одбегнуваат.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина