Пилатес вежби за рамен стомак
Рамен стомак, витки нозе, обликувани раце и грб – кој не би сакал вака да изгледа ова лето? За жал, еден од критичните делови на телото кај секој од нас, па и кај оние витките, е проблемот со долниот дел на стомакот, кој секогаш има барем малку ,,вишок,,.
Припиени фустанчиња, тесни маички – летните комбинации налгаат на плажа да мора да изгледаме апсолутно беспрекорно, а салото на стомакот кое ни го влошува држењето ни малку не е привлечно за да можеме на лето да уживаме во откривањето на проѕирните аутфити, потребно е линијата да се оддржува не само во лето, туку и преку целата година.
Сепак, никогаш не е доцна за здрави навики, па затоа испробајте го видеото на Кејси Хо и нејзината програма Блогилатес. За време на користењето на вежби инспирирани од пилатес техниките, кои се секако попредизвикувачки отколку што изгледаат, оваа виртуална инструкторка за неколку недели ќе ве научи на редовно вежбање и работење на абдоминалните мускули, што ќе доведе до забележливи разлики.