Пикантна чорба од домати со кокосово млеко
Состојки:
- 4 – 5 големи домати
- 1 конзерва кокосово млеко
- 1 лута пиперка (или само половина)
Подготовка:
Прво обарете ги доматите во вода неколку минути, додека не омекнат доволно за да можете да ги излупите. Потоа излупените домати исечкајте ги на ситни парчиња и динстајте ги во тенџере на малку масло неколку минути. Потоа додајте им половина од конзервата кокосово млеко и ситно исецканата пиперка (без семето). Варете додека не проврие. Потоа додадете ја другата половина кокосово млеко. Варете уште десеттина минути, константно мешајќи. Сервирајте со босилек или нане.


