Оваа диета ја осмислила американската нутриционистка Теми Флин, која забележала дека нејзините пациенти кои пред оброкот јадат една јаболка, губат на тежина без промена на навиките во исхраната. Понатаму, следело експериментирање и обид за тоа сличен метод да се примени и кај други клиенти (оние кои не јаделе јаболка пред оброк). Резултатите биле и повеќе од добри.

Само со консумирање на една јаболка пред секој оброк, пациентите на Флин губеле просечно еден килограм неделно! Сето ова било многу охрабрувачко за Теми, која го креирала помошниот диететски план со помош на кој се поттикнува губење на уште повеќе тежина. Овој план е познат како „ Диета со јаболки ” или „ Диетата со 3 јаболки ”.

Основите на диетата со јаболки

Оваа диета порразбира консумирање на една јаболка пред секој главен оброк. Идеата е дека влакната, со кои јаболката изобилува, многу лесно го заситуваат човекот, па така ќе се изеде помалку храна во текот на оброкот, а притоа ќе се намали или елиминира желбата за слатки работи.

Преостанатиот дел на диететскиот план потсетува на South Beach диетата – се работи за исхрана со релативно мала количина на јаглехидрати и намален износ на заситени маснотии. Рафинираните шеќери се забранети, а се употребуваат само намирници со низок гликемиски индекс.

Препорачаниот број на оброци е 4-5 помали оброци во текот на денот, базирани на здрава исхрана со малку маснотии. Секој оброк или ужина би требало да содржат и некој протеин бидејќи е докажано дека ваквата комбинација го намалува апетитот и го подобрува губењето на тежина.

Личностите кои се на оваа диета би требало да консумираат многу овошје и зленчук и со тоа да го намалат вкупниот дневен внес на калории, а притоа да не почувствуваат глад.

Препорачана храна- јаболки, немасно сирење, јајца, пилешки гради, мисиркино месо, риба, посно говедско месо, овес, брокула, зелена салата….

Пример за едно дневно мени

Појадок

Јаболка

Омлет со немасно сирење

Шолја варен овес

Претпладневна ужинка

Парче немасно сирење

Шолја немасен јогурт

Ручек

Јаболка

Пилешки гради печени на скара

2 шолји брокула варени на пареа

Чаша варен кафеав ориз

Попладневна ужина

Дозволете си чаша капучино кафе

Вечера

Јаболка

Лосос печен на скара

Зелена салата

Препораки за вежбање

Се препорачува комбинација од лесен тренинг со тегови и кардио-тренинг 3-4 пати неделно, минимум 30 минути.

Зошто е добра оваа диета?
  • Консумацијата на една јаболка дневно пред почетокот на главниот оброк создава чувство на ситост и ја намалува можноста од прејадување
  • Јаболките содржат влакна кои го намалуваат нивото на холестерол
  • Јаболките содржат флавоноиди, кои го намалуваат ризикот од појава на болести на срцето и одредени видови на карцином
  • Оброците се добро балансирани со немасни протеини, сложени јагленохидрати, овошје и зеленчук
  • Доколку внесете повеќе протеини преку месото, ќе го намалите апетитот и ќе ја одржите мускулната маса за времето на држење на диетата.
  • Диетата со јаболки го поттикнува внесувањето на свежо овошје и зеленчук
  • Нема броење на калории или мерење
  • Ја поттикнува физичката активност