Антибактериските сапуни и гелови се бескорисни и можат да предизвикаат повеќе штета отколку полза, предупредуваат научниците. Во соопштението објавено во научниот журнал “Перспективата на еколошкото здравје” исто така се предупредува да не се користат антимикробиолошки агенси во складиштата за храна.

Еколошките стручњаци истакнуваат дека обичниот сапун и вода се најдобриот начин за заштита од болести и предупредуваат дека антибактериолошките производи, од кои некои се веќе забранети во САД, а забраната за некои се воведува постепено и во Европа, можат да им наштетат на луѓето, посебно на трудниците и на доилките.

– Луѓето мислат дека антимикробиолошките сапуни за раце пружаат подобра заштита од заболувања, но тие не се ништо подобри од обичните сапуни – вели доктор Барбара Сетлер, професор за еколошко здравје на Универзитетот во Сан Франциско, САД.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина