Куркумата од дамнина важи за природен антибиотик, а бројни студии покажуваат дека нејзината состојка куркумин има антиоксидативно, противвоспалително, антивирусно и антибактериско дејство. Се покажало дека ги ублажува симптомите на деменција и Алцхајмерова болест, ги олеснува менструалните болки, го стимулира метаболизмот, ја прави кожата поздрава, помага во лекување на габичните и бактериски инфекции, ги олеснува дишните проблеми, ја подобрува работата на црниот дроб и бубрезите, а ја зголемува и подвижноста на зглобовите и коските и ја олеснува болката, посебно кај ревматски артритис.

 

Оваа хронична автоимуна болест, на која не и се знае причината, често ги погодува жените, посебно меѓу четвртата и шестата деценија. Воспалението кое ги јаде зглобот и рскавицата предизвикува силни болки, укоченост и деформации. Ревматскиот артритис се јавува постепено, a симптомите можат да се развиваат со недели и месеци. Првите тегоби обично се здрвеност на еден или повеќе зглобови и болки при секое движење. На удар се најчесто помалите зглобови на шаките и стапалата, малку поретко лактите, колената и скочните зглобови, а најретко рамењата и колковите. Утринската здрвеност, која трае подолго од еден час е прв показател дека се работи за ревматски артритис, а не за некое друго воспалително заболување.

Честопати се случува болните да не се свесни од која тегоба патат, па затоа златно -жолтиот пигмент од куркумата е добро решение, бидејќи може да се користи и превентивно, а речиси и да нема несакани дејства. Препораката гласи да се зема по една лажичка трипати неделно, како зачин во салати, јадења, овошни напитоци или како чај.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина