Коензимот Q10 е соединение слично на витамините. Постојат десет видови на коензимот Q, но само Q10 е присутен во човечкото тело. Структурно е многу сличен на витаминот Е, но има силно антиоксидативно делување. Делува како катализатор кој ги забрзува и насочува биохемиските процеси. Значи, коензимот Q10 ги регулира енергетските процеси. Тој ги иницира процесите на создавање на енергија во митохондриите, нашите мали електрани во кои аденозин трифосфатот (ATP), гориво за нашето тело, се создава од храната. На почеток од животот црниот дроб е во состојба да го извлекува и синтетизира CoQ10 од секоја храна, посебно од онаа која ја содржи аминокиселината метионин. CoQ10 го има во месото, рибата (скуша, лосос, сардела), мешунки (соја), кикиритки, темнозелен зеленчук (спанаќ, брокула), модозелени алги, соиното и сусамовото масло и други полинезаситени масла. Човечкиот организам ги чува резервите на CoQ10 онаму каде што најмногу треба (срцето, црниот дроб и имунолошкиот систем).

Телото максимумот концентрација на коензимот Q10 го постигнува од 22 23 години, но веќе по 35 40 година од животот количините на CoQ10 во клетките се намалува поради ослабената функција на црниот дроб. Во четириесеттата годишна возраст, во нормални околности, веќе недостасува за една третина, а кај оној кој има повеќе од 60 години го има за 60% помалку отколку кај оние на 20-годишна возраст. Тој дефицит се влошува поради стрес. Инфекција, хронични болести, консумирање лекови (бета-блокатори, антилипемици, антихипертензиви, антидијабетици), односно лоши прехранбени навики, па тогаш се јавува пореба за негова суплементација.

За воопшто да посегнете по коензимот Q10 потребно е да се знае неговата улога во организмот.

 

Влијанијата на коензимот Q10 врз нашето здравје е:

 

Стареење:

  • природно го забавува стареењето

  • го обновува имунолошкиот систем и учествува во одбраната од инфекции

  • го поништува делувањето на слободните pадикали

Централен нервен систем: коензимот Q10 денес се повеќе се користи во третманот на лекување на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест, мултиплекс склерозата, мигренските напади, но и присихијатриските нарушувања како што се некои облици на шизофренија

Кардиоваскуларен систем:

  • како силен антиоксиданс, коензимот Q10 во комбинација со витаминот Е учествува во превенцијата на развивањето на артериосклерозата, бидејќи ја спречува оксидацијата на ЛДЛ холестеролот и неговото влегување во ѕидовите на крвните артерии

  • учествува во намалувањето на крвниот притисок

  • се користи како помошно средство во лекувањето на инфарктот, ангина пекторис, кардиомиопатија и аритмија

Респираторен системкоензимот Q10 покажува позитивни ефекти во третманот на астма, алергии и други респираторни болести

Гастроинтестинален системкоензимот Q10 го штити желудникот и дванаесетпалачното црево и може да учествува и во санација на улкусот.

Кожа: Поради намаленото производствот на колаген, кожата се суши и ги покажва годините. Слободните радикали го спречуваат производството на колаген и го забрзуваат стареењето. Со оглед на тоа што коензимот Q10 го неутрализира нивното делување, тој истовремено ја попречува оваа пречка во производството на кожниот колаген и така всушност помага во превенцијата на развојот на брчки и старечки пеги.

Дијабетеснаучните истражувања покажуваат дека континуираното земање на коензимот Q10 за два месеца го намалува нивото на шеќер во крвта кај болните од дијабетес тип 2 за 20 30%.

Малигни заболувања: коензимот Q10 покажува делотворни ефекти кај намалувањето на непријатните ефекти од хемотерапијата, а поновите истражувања покажуваат дека го продолжува животот кај болните од карцином на дојката, простатата и дебелото црево за пет до петнаесет години.

Машка неплодност: докажано е неговото влијание и кај астенозооспермија (мала подвижност на сперматозоидите). По континуирано земање на коензимот Q10 за време од 3 месеци (100 мг. на ден) се зголемува концентрацијата и подвижноста на сперматозоидите.

СпортистиКај секој понапорен натпревар поребни се огромни залихи енергија, како и способноста за негово обновување. Познато е што се случува на крајот од долгото полувреме во фудбалски натпрвар или на крајот од некој исрцпувачки маратон. На субјективно ниво најголем проблем е недостатокот од коензимот Q10. Тој субјективно, но и објективно, ја зголемува силата поттикнувајќи го претворањето на јагленохидратите во енергијата и ги зајакнува мускулите. Што е од исклучитлена важност кај активните спортисти.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина