ЗА СИЛА И ЕЛАСТИЧНОСТ

Кога се движиме низ водата при нуркање, нашите мускули работат многу посилно поради отпорот кој го пружа водата.

 

ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ДИШЕЊЕТО

 Во текот на нуркањето се дише побавно и подлабоко, со што се намалува брзината на срцевите отчукувања. А со самото тоа се намалува и крвниот притисок.

 

ЗА ПОДИГАЊЕ НИВОТО НА ФИЗИЧКАТА КОНДИЦИЈА

Нуркањето е активност која бара да се има завидно ниво на аеробна кондиција, која преку движењето низ водата ќе се подигне на уште повисоко ниво.

 

ЗА ПОБРЗО СОГОРУВААЊЕ КАЛОРИИТЕ

За само 30 минути нуркање, благодарение на констатното пливање, се согоруваат, во просек, околу 400 калории.

 

ДОАЃА ДО ИНТЕРАКЦИЈА СО ПОДВОДНИОТ СВЕТ

Истражувањето на подводниот свет, разните видови на риби, живописните корали и другите животни секого го доведува до добро расположение. Самата сина боја има смирувачки ефект.

 

 ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД СТРЕСОТ

Бавното и длабоко дишење за време на нуркањето е многу слично на она за време на медитација. Додека се нурка, се заборава на проблемите, а телото и нервниот систем повторно ја воспоставуваат својата природна рамнотежа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина