Флоритерапијате е еден од природните и нежни начини на лекување. Настанала во триесеттите години на XX век (нејзин творец е доктор Едвард Бах), а се усовршува до денешен ден. Во последниве десеттина години ја користат многу доктори, психотерапевти и воопшто терапевти кои имаат за цел подобрување на општата здравствена состојба кај луѓето.

Флоритерапијата се смета во светот за подвид на хомеопатијата и претставува холистички начин на лекување, бидејќи делува на ментално, физичко и духовно ниво. Таа му помага на поединецот да се ослободи од негативните убедувања и му дава самодоверба, храброст, упорност, доследност, верба за да стане доминантен во однесувањето. Како сосема природен начин на лекување, таа ни помага да се ослободиме од негативните обрасци, чувства и мисли и ни овозможува да се почувствуваме здраво, задоволно и среќно. Ни помага со помош на цветните есенции да зачекориме кон внатрешниот мир, задоволство и добро здравје.

Како се користи?

Флоритерапија значи терапија со цветни есенции и таа е нежна, природна процедура на воспоставување хармонија меѓу телото, емоциите и психата на личноста, со примена на капки кои се добиваат од специјално одбрано и обработено цвеќе. Цветните есенции се течни, потенцирани растителни есенции кои се добиваат од цветните делови на растенијата. Тие делуваат врз принципот на откривање на причината за неурамнотеженост и на активирање на имунолошкиот систем на организмот, кој тогаш ја победува болеста.

За подобар сон

Лаванда

Доколку сакате да се наспиете, втријте на кожата масло од лаванда. Се верува дека лавандата ја стимулира гама-аминобутерската киселина во мозокот, која го опушта и го овозможува сонот.
Совет: Измешајте свежи пупки од лаванда со маслиново масло, кое претходно сте го загреале. Варете ја оваа смеса половина час, а потоа оладете ја и ставете ја во сад.

 

Lavanda

 

Против поленска кивавица

Камилица

Камилицата е добро позната како средство за опуштање, но дали сте знаеле дека таа има својство на антихистаминик? Побарајте чај од камилица со екстракт на коприва, која исто така ја ублажува алергиската реакција на телото.

Совет: Чај од камилица со екстракт од коприва можете да најдете во секоја продавница за здрава храна.

Kamilica-200316223-001

 

За подобра меморија

Рози

Научниците утврдиле дека испитаниците кои мирисале рози пред спиење имале подобри резултати на тестовите за меморија следниот ден. Тие сметаат дека мирисот на розите го стимулира хипоталамусот, дел од мозокот кој е задолжен за меморијата.
Совет: Засадете сами рози.

Ruza

 

За лекување настинки

Хризантема

Шолја чај од овој цвет, кој е преполн со витамин Ц, ќе го скуси траењето на вирусната инфекција и ќе ве заштити од настинки.
Совет: Садниците хризантеми ќе ги пронајдете во расадниците. Покрај тоа, ќе ви ја разубави и градината.

Hrizantema

 

За здраво срце

Хибискус

Доколку во секој оброк додадете екстракт од хибискус, по четири недели ќе го намалите нивото на холестерол од 4% до 8%. Овие резултати се можни поради тоа што хибискусот делува како антиоксиданс.

Hibiskus

За подобро расположение

Шафран

Во рамките на едно истражување, научниците дошле до сознание дека шафранот ги ублажува симптомите на депресијата и дека може да помогне во лекувањето на поблаги облици на оваа болест.
Совет: Шафранот можете да го консумирате и како чај.

safran

За убава кожа

Љубичица

Благодарение на своите противвоспалителни својства, љубичицата може да ви помогне при лекувањето на кожни болести, како на пример егзема.
Совет: Измешајте неколку капки етерично масло од љубичица со вода и мијте се со неа двапати дневно.

Ljubicica

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина