Ако копнеете по слатки или по солени грицки, тоа е можеби поради вашиот единствен тип на метаболизам, кој влијае на вашите прехранбени желби. Доктор Мехмет Оз препорачува исхрана според трите типови на метаболизам. Кога ќе почнете да се храните според својот тип на метаболизам, не само што ќе го загубите вишокот на килограми, туку и ќе се чувствувате подобро и ќе бидете поздрави. Еве кои се овие три типови на метаболизам.

 

 

ТИП А

 

Типот А сака солени масни јадења како што е на пример чипсот, но исто така е склон кон потиштеност и често чувствува замор. Ваквите напади на потиштеност можат да бидат предизвикани од реакциите на телото на ваквата храна. Типот А има јак апетит, зборлест е и отворен. Неговиот метаболизам ги троши протеините и мастите значително побрзо одошто јагленохидратите. Копнеењето по солена и масна храна е всушност потребата на телото за протеини. Идеален главен оброк: 50% протеини, 30% масти и 20% јагленохидрати. Одберете немасно, темно месо, како што е говедското, темно пилешко и мисиркино месо, туна или лосос. Овие намирници содржат голем уддел на пурини, материи кои ги штитат крвните садови. Купувајте млечни производи кои содржат барем 2% масти. Се препорачува да се консумираат големи количини овошје и зеленчук. Наместо бел леб, треба да се јадат намирници од цело зрно, како што се зобени снегулки и интегрални тестенини.

 

 

ТИП Б

 

Ако сте тип Б, имате голема желба по слатки, од сладолед, кекси, се до колачи. Телото всушност ви бара здрави јагленохидрати. Како Тип Б имате релативно слаб апетит, чувствителни сте, организирани и понекогаш сте под стрес. Исто така, зависни сте од кофеинот и се борите со прекумерната тежина. Најдобар оброк за вас е оној со низок уддел на масти, малку протеини, здрави јагленохидрати и многу овошје и зеленчук, како и намирници (житарки) од цело зрно. Идеален главен оброк: 70% јагленохидрати, 20% протеини и 10% масти. Јагленохидратите кои ги  консумирате мора да бидат цело зрно како јачмен, кафеав ориз и интегрален леб. Одберете бело месо и бела риба како бакалар на пример. Исто така, во исхраната вклучете растителни протеини како леќа и леблебија. Консумирајте немасни млечни производи, како сирење, јогурт и млеко. Помалку млеко.

 

 

ТИП Ц

 

 

Ако не можете да одредит едали сте тип А или Б, бидејќи сакат еи солени и слатки јадења поденакво, тогаш сте тип Ц. Имате осцилации во апетитот, одвреме-навреме сте уморни и нервозни и во одреден период од животот имате проблеми со контрола на вишокот килограми. Идеален главен оброк: 33% протеини, 33% масти и 33% јагленохидрати. За свето мени одберте комбинација од полномасни намирници  оние со помалку масти, како што се сирење, јогурт и маслиново масло. Комбинирајте го белото и темното месо, како што се говедското, лососот и бакаларот. Последниот дел од вашата чинија треба да се состои од јагленохидрати, вклучувајќи разновидни житарки од цело зрно и банани.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина