ЗА ИМУНИТЕТ

 

Состојки:

2 јаболки, грст спанаќ, 2-3 кругови краставица, 1 половинка лимета, ¼ ананас, ¼ авокадо, коцки мраз

За што е добар? Овој сок е богат со калиум, витамин Ц и железо. Помага во зајакнување на имунолошкиот систем. Одличен е за обновување на црвените крвни зрнца и содржи многу протеини и природни шеќери.

zdravi-rec1

 

ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ХОЛЕСТЕРОЛ

 

Состојки:

4 моркови, листови нане, ½ лажица спирулина

За што е добар? Бета – каротинот од морковите е силен антиоксиданс кој помага во борбата против ракот. Одличен е за чистење на црниот дроб, а помага и за нормално функционирање на дигестивниот тракт и го намалува холестеролот.

zdravi-rec2

ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА

 

Состојки:

2 јаболки, ¼ краставица, 1 китка целер, грст спанаќ и коцки мраз

За што е добар? Овој свеж зеленчук ќе ви го исчисти системот за варење и ќе ја спречи појавата на желудочно – цревни тегоби и пореметувања.

zdravi-rec3

 

ЗА ЦВРСТИ КОСКИ

 

Состојки:

1 јаболко, ¼ ананас, ¼ банана, 200 гр, природен јогурт (од соја или вегански), ½ лажица спирулина

За што е добар? Железото е добро за косата и ноктите, а помага исто така и за подобрување на концентрацијата. Овој сок е полн со калциум, кој е одличен за забите и коските.

 

zdravi-rec4

ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДИЈАБЕТЕС

 

Состојки:

1 излупена праска, 50 гр. ананас, 50 гр. манго, 1 киви, сок од еден исцеден портокал

За што е добар? Оваа овошна експлозија е одличен начин за да ги спречите болестите на кардиоваскуларниот систем. Затоа е одличен за спречување на појавата на дијабетс, Богат е со витамин Ц, што може да помогне во борбата против создавањето на слободните радикали.

zdravi-rec5

 

ЗА НОРМАЛНА ДИГЕСТИЈА

 

Состојки:

3 сливи, 100 гр. црно грозје, 50 гр. јагоди, сок од еден исцеден портокал

За што е добар? Сливите се добар извор на влакна. Затоа овој сок е одличен за регулација на дигестивниот систем.

zravi-rec6

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина