Некои одредени намирници испуштаат својства кои испаруваат преку кожата. Тоа понекогаш може да биде непријатно. Ова е листата на намирниците на кои треба да се обрати внимание.

Ако не сте во можност да ги измиете забите секојпат кога сакате, земете водичка за заби или гума за џвакање. И, проблемот е решен. Но, што е со храната која предизвикува телесни мириси? Некои одредени намирници испуштаат својства кои испаруваат преку кожата. Тоа понекогаш може да биде и непријатно. Ова е пописот на намирниците на кои треба да се обраќа внимание.

Црвено месо

Тоа спаѓа во групата на тешко сварливи намирници. Потребен му е подолг период за да се разради и подолго време се задржува во цревата и така доаѓа до испуштање на разни токсини во крвотокот, што предизвикува непријатен мирис од целото тело.

Млечни производи

Сакаме многу да пиеме млеко и да го користиме во разни варијанти, но претераното консумирање на кој било млечен производ предизвикува проблем со разградувањето.

Лук

Лукот е познат по својот ни малку пријатен мирис. Сепак, неговите две главни состојки, алинот и алицинот влијаат на непријатните мириси. Кога се разградуваат овие две состојки, кои всушност се здрави, се ослободува сулфур, кој излегува низ порите на кожата.

Внатрешни органи, морски плодови

Намирниците кои ја содржат аминокиселината триметиламин се јајцата, внатрешните органи, морските плодови, гравот и кикиритките. Тие многу тешко се разградуваат во телото. Непријатниот мирис произлегува токму од насобирањето на оваа аминокиселина.

 

Зелка, брокула и прокељ

Најголема концентрација на сулфурни материи содржат брокулата, прокељот и зелката. Во овие материи спаѓаат сулфорафанот и изотиоцијанатот. Нивното влијание врз организмот е здраво, но претераното консумирање предизвикува непријатни миризби.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина