По раѓањето, сите делови на бебето продолжуваат да растат интензивно. Сепак, на оваа возраст најинтензивен е развојот на мозокот: во него секојдневно се случуваат промени, од кои зависи целиот напредок на бебето. Научниците имаат докажано дека правилната исхрана во првите месеци го потпомага процесот на поврзување на ,,сивите,, ќелии, па затоа е многу важно да не направите грешка.

Првиот збор на детето, фаќањето на лажичката, реагирање на гласот на мајката. Што ги поврзува сите нив? Тоа првиот чекор кон развојот на мозокот. Овој процес му овозможува на вашето бебе да научи да ползи, да зборува, да се смее, да оди. Здравиот развој на мозокот се темели на интеракцијата со неговите најблиски. Тие мигови се многу важни, бидејќи ја претставуваат суштинската ,,исхрана,, за правилно растење.

Како се развива мозокот?

Бројни фактори влијаат врз развојот на мозокот. Тие ја опфаќаат генетиката, храната и исхраната, одговорноста на родителите, секојдневните искуства, физичките активности и љубовта. Воглавно, родителите треба да бидат свесни дека добрата исхрана, негата, давањето љубов и разните искуства кои му ги даваат на своето дете се многу важни за неговиот развој. Во минатото се мислело дека генетиката е таа која го одредува развојот и дека развојот на мозокот е однапред одреден со билошка траекторија. Денес е познато дека раните искуства играат важна улога во развојниот процес. Мозокот на бебето е акција во процес, додека надворешната средина е таа која му дава облик преку искуствата добиени преку сетилата вид, слух, мирис, вкус и допир.

Моќта на мајчиното млеко (од шестиот месец)

Од моментот кога ќе забремени жената, нејзиното тело се прилагодува на развјот на плодот. Во организмот на мајката доаѓа до голем број хормонски промени, кои се непријатни за неа, но кои се неопходни за бебето да се развива непречено. Меѓу другото, во нејзините гради почнува да се создава млеко, чиј состав е програмирантака што да ги задоволи сите нутритивни и развојни потреби на новороденчето. Тоа се состои од полинезаситени масни киселини (LCP), кои влијаат директно на брзината на создавање на невронските врски во мозокот. Истражувањата покажале дека бебињата со високо ниво на LCP во крвта имаат повисок коефициент од оние со пониска содржина од оваа супстанција. Но, треба да се нагласи и тоа дека повеќето од адаптираните млечни формули е обогатена со полинезаситени масни киселини со растително потекло, така што не треба да се грижите ако поради некоја причина не сте во можност да го доите бебето.

 

Чудесното железо (по шест месеци)

Кога бебето ќе наполни шест месеци, неговите резерви на железо почнуваат да слабеат, па треба да се надокнадат преку исхраната. Инаку, железото е многу важно за правилно функционирање на мозокот на бебето, бидејќи влијае на преносот на кислород до сивите ќелии. Бебињата кои имаат намалена количина железо во крвта се раздразливи, поспани и помалку разиграни. За да можат бебињата да добиваат железо прку исхраната, треба да јадат кашички од зеленчук (спанаќ, брокула, блитва), а подоцна и варено црвено месо, (телешко, јагнешко, пилешко), и тоа најмалку два пати неделно. Со овој минерал исто така се познати и телешкиот, јагнешкиот и пилешкиот црн дроб. Исто така, треба да им се даваат и намирници богати со витамин Ц, бидејќи тој го потпомага апсорбирањето на железото во крвта.

Скапоцена риба

За развој на мозокот посебно се скапоцени видовите риба кои се богати со омега-3 масни киселини (лосос, скуша, сардина). Оваа киселина е одлична ,,храна,, за ќелиите на кората на големиот мозок, кои се одговорни за многу витални процеси во организмот. Стручњаците препорачуваат најмалку две порции риба неделно за бебињата постари од девет месеци.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина