Многу луѓе се трудат да го инкорпорираат фенг шуи во својот живот, но не знаат од каде да почнат. Овие совети можат да бидат појдовна точка. Истражувањата покажуваат дека пренатрупаноста на животниот простор и брзаницата која стана секојдневие, влијаат на тоа луѓето да бидат напнати, нервозни и агресивни. За до некаде да се постигне сето тоа, важно е куќата да биде удобна и да оддава топлина и близина. Тоа најлесно се постигнува со помош на боите, правилно поставената светлина, меките и природни материјали…

Природата смирува

feng-shuji

 

Растенијата и домашните миленици исто така придонесуваат за човекот да се чувствува поубаво, посмирено и поудобно во својот дом. Студените бои и презастапеноста на пластични и метални предмети придонесуваат и самата атмосфера да биде таква – студена. За разлика од тоа, дрвото и циглата се природни материјали кои му даваат топлина домот и го оплеменуваат просторот. Корисни се и природните материјали, како што се ленот, памукот, волната и свилата.

Мириси и звуци

Секоја просторија во домот треба да има доволно природна светлина. Мирисите се, исто така, незаобиколен ,,зачин,, за топло огниште. Делотворни се за опуштање, посебно аромите од јасмин, камилица, сандалово дрво, лаванда, мандарина и темјан. Звуците, ако се бучни, можат да предизвикаат чувство на немир, додека мирните и мелодични се релаксирачки.

Кристали

feng-shuji1

 

Кристалите можат да влијаат на намалување на напнатоста, посебно адвентуринот, горскиот кристал, аметистот или розен кварцот. Треба да се стават покрај креветот или на некое место кое е наменето за одмор, размислување, читање, пишување или слушање на омилената музика.

Фенг шуи совети

Елиминирајте го нередот Ова апсолутно е еден од најважните, но и еден од најлесните фенг шуи совети.

Исчистете се – Домот нека ви биде уреден. Поправете се што не работи, се шо не сакате да го користите повеќе фрлете го.

Осветлување – Отворете ги ширум прозорците и поткренете ги ролетните за природната светлина да влезе во вашиот дом.

Одбегнувајте остри рабови Според фенг шуи, остриците на рабовите ја привлекуваат негативната енергија, па обидете се да ги ублажите некако, како на пример со ставање прекривки.

Поправете ги сите одводи и доводи Погрижете се за тоа ништо да не истекува во вашиот дом, бидејќи тоа асоцира на истекување на парите.

Бои – Ентериерите не би требало да бидат обоени во повеќе од три бои.

Работната маса насочете ја кон вратата – Ако нешто ви гледа кон ѕидот, пред вас ставете огледало за да имате поглед кон вратата и да можете да забележите кога ви се приближува некој.

Исфрлете ги електричните апарати од спалната соба – На телевизорот, компјутерот, па дури и на лаптопот не им е местото во спалната соба.

Држете ја затворена вратата од бањата – Посебно во текот на ноќта, бидејќи енергијата од бањата треба да биде одвоена од остатокот од станот.

Бидете позитивни – Ширете околу себе позитивна енергија и на тој начин ќе го осветлите и својот дом и светот околу себе.

Изгледот и улогата на огледалата во фенг шуи

 

feng-shuji2

Огледалото е главен лек, најважна алатка на фенг шуи. Тоа треба да е квалитетно, во еден дел, сјајно и чисто и да е доволно големо, за и највисоките членови од семејството да можат да се огледаат во него. Рабовите на огледалото треба да бидат благо заоблени, а самите тие не смеат да бидат, напукнати или замаглени. Исто така, не треба да се составени од повеќе делови или да имаат на нив брусени декорации, натписи или цветови. Мора да имаат и рамка.

Тешко е да се наброи за која се цел се користат огледалата, но според својата основна намена, во фенг шуи се користат за: насочување на чи, насочување на шар чи, односно за враќање на шар чи на својот извор, внесување светлина во просторот, да привлечат пари во домот, за заштита од негативната енергија која доаѓа од лифтовите, скалите или лошите соседи, за малиот простор да го направат поголем, да ги прошират тесните ходници и да го ,,создадат,, просторот што недостасува.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина