Без сомнение, алгите спаѓаат во најквалитетните намирници кои ни се достапни денес. Иако најмногу ги користат макриобиотичарите, навистина не постои никаква причина да не станат дел од секојдневната вообичаена исхрана. Во продолжение погледнете кои се најмоќните меѓу нив.

 

Хлорела – чистач на организмот

 

Исклучително зелена алга која потекнува од слатководните води, хлорелата е најбогатиот познат извор на хлорофили, соединенија кои го поттикнуваат исфрлањето на пестицидите, металите и другите отрови кои се наталожиле во телото како последица од консумирање нездрава храна, користење штетни козметички препарати и изложување на разни облици н зрачења.

 

Ако се одлучите да започнете процес на чистење со хлорелата – имајте на ум дека стручњаците советуваат таа да се зема наутро, за процесот на чистење да се одвива додека е организмот во будна состојба. Позадината на пораката на експертите е лесно разбирлива – најмногу отрови се исфрлаат преку потта, урината и столицата.

 

Спирулина – ја подобрува крвната слика и го јакне срцевиот мускул

 

Оваа зеленикава алга е најценета меѓу нутриционистите, токму поради нејзиниот нутритивен квалитет – во 100 грама спирулина има 60 грама протеини. A, тој процент не може да се најде во ниту еден вид месо. Нејзината употреба посебно им се препорачува на анемичните. Но, не само поради високата содржина на железо која ја има во себе, туку и поради присуството на витамините Е и Б12, фолна киселина и бакар.

 

Сите овие нутритиенти помагаат да се победи анемијата. Освен нив, консумирањето спирулина им се советува и на оние кои имаат повишени нивоа на маснотии во крвта, проблеми со срцето и циркулацијата. Кај здравите луѓе, спирулината им се препорачува на трудниците, спортистите и веганите.

 

Афа – ја поправа pH вредноста во телото

 

Оваа модрозелена алга е толку многу чудотворна, што ја нарекуваат храна на иднината. Таа го неутрализира дејството на намирниците кои ја закиселуваат крвта, ја поправа pH вредноста на организмот и го спречува развојот и растот на клетките на ракот. Токму поради тоа, што се верува дека може да помогне во превенцијата и лекувањето на најподмолната болест на денешницата, симболично ја имаат прекрстено.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина