Се прашувате како до совршени секси плочки на абдоменот? Тренерите предупредуваат дека тие ќе станат видливи само ако имаме помалку од 10% масно ткиво.

 

Честите заблуди за вежбањето се дека само со вежби за стомачни мускули можат да се постигнат плочки, и тоа само доколку се изведуваат секојдевно. Но, која е вистината?

 

Првиот мит, кој е врежан кај поголемиот дел вежбачи, гласи: Со практикување вежби за стомачни мускули се добиваат ,,плочки,, на абдоменот. За што точно станува збор?

 

Со вежбите за стомак се зајакнуваат стомачните мускули, но тие нема да бидат видливо доколку имате премногу масно ткиво. Сите имаме стомачни мускули, но тие се видливи само кај оние малку поткожно ткиво помеѓу мускулите и кожата. Според некои истражувања, стомачните мускули ќе се гледаат само доколку имате 10% илипомалку вкупно маснотии на телото.

 

Вајањето на стомачните мускули го има изродено и митот според кој стомачни вежби  треба да се прават секој ден за тие да станат видливи.

 

Ова тврдење воопшто не е точно, бидејќи стомачните мускули се како и сите други мускули, што значи дека им е потребен одмор, затоа што во спротивно ќе се преистренираат. Споменатите мускули не се големи, па не трошат ниту многу енергија и со тоа нема да потрошат ниту многу масти. Вежбите за нозе и грб трошат многу повеќе енергија, па попрво со тие вежби ќе се добијат плочки, отколку со стомачните вежби.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина