На кој мускулен тип му припаѓате?
Мускулното ткиво се состои од два основни типа на влакна. Влакната од тип 1 се влакна кои бавно се кинат и обично нив ги нарекуваме аеробни или влакна за издржливост. Влакната од тип 2 се влакна кои брзо се кинат и научниците ги нарекуваат анаеробни влакна. Просечно луѓето имаат приближно подеднаков однос помеѓу овие два типа на влакна. Сепак, кај некои спортисти е сосема спротивно. Имено, некои луѓе генетски имаат поголем број на брзи или бавни влакна во мускулите. Токму поради тоа некои луѓе се генетски предиспонирани за да бидат спринтери или кревачи на тегови, додека други, пак, се одлични маратонци.
Бидејќи влакната од тип број 2 имаат тенденција да го зголемуваат просечниот пресек многу побрзо и полесно од влакната од тип бр. 1, можеме слободно да кажеме дека еден поединец кој е предиспониран за бодибилдинг би требало да има барем 70% побрзи мускулни влакна. Но, не сфаќајте го ова погрешно, бидејќи и бавните мускулни влакна имаат потенцијал за раст. Влакната со брз раст имаат и свои подгрупи и тоа од тип 2а – најдобро реагираат на оптоварувањето кои доведуваат до откажување на мускулите помеѓу 10 и 15 повторувања, тип 2б – по 6 до 10 повторувања доаѓа до откажување и тип 1ц -по 1 до 5 повторувања доаѓа до откажување. Секој одделен мусклу ги содржи сите овие типови на влакна во одреден однос и тие односи се различни кај разни луѓе. Токму затоа не постојат програми за тренинг кои можат да се применат кај сите спортисти (барем кога станува збор за бодибилдингот).
Тестирање
Постојат неколку тестови, вклучувајќи ја и биопсијата, кои можат да ви кажат во кој мускул колкав е процентот на секој од овој тип на влакна. Програмот што ќе го претставиме овде е многу едноставен. Можете да го направите и во теретана, со стандардна опрема. Неговата убедливост е секако далеку под 100%, но не сте ниту вие светски првак во бодибилдинг, а сепак сакате да тренирате. Тестот во секој случај ќе ви даде идеја дали сте предоминантно богати со брзи или со бавни влакна. Најпрво треба да одберете за секоја група на мускули по една посебна вежба и да утврдите колкав ви е максимумот при нејзиното изведувае. Ова се прави поради тоа што односот на влакната може значително да варира од една до друга група на мускули. Најдобар пример е m.soleus, кој предоминантно го сочинуваат бавни влакна, додека мускулите на очното јаболко се исклучиво составени од брзи влакна. Откако ќе увидите кој е максимумот во секоја зададена вежба, намалете го оптоварувањето за 20% и направете ги сериите се додека нема да можете да продолжите повеќе. Доколку успеете со 80% од максимумот да направите само 5-8 повторувања, тогаш е крајно очигледно дека во тестираниот мускул преовладуваат само брзи влакна. Колку е поголем бројот на повторувањата кои можете да ги направите додека не се откажете толку е помал процентот на брзи влакна во тој мускул, а со самото тоа е помал и потенцијалот за растење.





