МОТС- хормон кој го поттикнува метаболизмот и го намалува дебелеењето
Научниците од УСЦ Леонард Дејвис училиштето по геронтологија на поЧетокот на 2015 година ги објавија резултатите од големата студија:откриен е нов хормон кој помага во борбата против вишокот килограми и ја нормализира работата на метаболизмот, што се поврзува и со вежбањето.
Посебни карактеристики на хормонот МОТС
Хормоните се молекули кои се однесуваат во телото како сигнали кои предизвикуваат низа различни физиолошки одговори. Новооткриениот хормон, наречен МОТС, примарно ги напаѓа мускулните ткива, каде ја обновува чувствителноста на инсулин. МОТС е единствен меѓу хормоните, бидејќи е шифриран во ДНК митохондриите. Сите други хормони се шифрирани во јадрото на клетките. МОТС е синџир од 16 аминокиселини, кој е ендокриран во геномот на митохондриите. Неговата функција е поврзана со регулацијата на метаболизмот и одржувањето на инсулинските и метаболичките хомеостази. Исто така, овој хормон се смета заслужен за борбата со дебелината и инсулинските резистенции поврзани со стареењето и диетите.
Делување на хормонот МОТС
Студиите вршени врз животни потврдиле дека МОТС делува позитивно на спречување на развојот на дебелеење и шеќерната болест. За да се тестираат ефектите од овој хормон, научниците го вбризгале во глувци кои биле хранети со намирници со висок уддел на масти, што обично кај животните предизвикува дебелеење и развива инсулинска резистенција. Инјекциите со овој хормон не само што ги спречиле и двата ефекти од овој вид на исхрана, туку и го спречиле развојот на инсулинската резистенција, која се развива низ годините, а која е предуслов за развој на дијабетес. Ова откритие ги редефинирало митохондриите и ги позиционирало како активни регулатори на метаболизмот. Во следните три години ќе се спроведат првите истражувања врз хормонот МОТС врз луѓето. Според истражувањата споведени врз глувците, редовната физичка активност, посебно интензивната, помага во создавањето на повеќе митохондрии, па со тоа и на зголемувањето на нивото на хормонот МОТС во телото. Она што научниците дополнително го истакнуваат е тоа дека другите хормони го регулираат растот на клетките, ја поттикнуваат активноста на варењето или го засилуваат производството на црвените крвни клетки, додека овој хормон се фокусира на мускулните ткива и регулацијата на инсулинската чувствителност.
Инаку, колку за потсетување, инсулинот хормон е хормон кој ги носи шеќерите од храната во крвотокот. Отпорноста на инсулин (инсулинска резистенција) често е предизвикана од лоша исхрана и е главна причина за развој на дијабетес тип 2.
Инсулинска резистенција
Инсулинската резистенција е состојба на нарушена состојба како одговор на делувањето на инсулин. Најчеста основна причина е средна дебелина, иако примарната инсулинска резистенција е можна и кај оние со нормална тежина. Се работи за процес во кој вишокот абдоминално масно ткиво испушта поголеми количини фактори за туморска некроза и слободни масни киселини, што директно влијае на инсулинското сигнализирање, го намалува преземањето на гликозата во мускулите, доведува до претерана интеза на триглицеридите и предизвикува глуконеогенеза во црниот дроб.
Се смета дека обичната дебелина има повеќе причинители – зголемена количина храна и недостиг на телесна активност. Инсулинската резистенција, дебелината, хипертензијата (зголемен кривен притисок) и дислипидемијата (нарушена концентрација на липопротеини во крвта) севкупно се означуваат како метаболички синдром. Овие појави претставуваат силен причинител за појавата на дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни билести.
Во следните години ќе биде појасно дали хормонот МОТС директно ќе се поврзува со вежбањето и дали со неговото идентификување и дефинирање ќе се разјасни позитивниот ефект кое го има вежбањето врз човековото здравје, а кој досега не е јасно разјаснет.



