Мотивација е состојба на умот со која се генерираат позитивни чувства при постигнување на зададените цели. Некои луѓе се мотивирани финансиски, додека некои други ги придвижува мотивацијата за задоволување на едноставни физиолошки потреби. Други, пак, ги мотивира сонот, сонот да станат масивни и силни. Но, самото тоа не е доволно. За да се постигне тоа, потребна е челична дисциплина. Во продолжение погледнете како на едноставен начин, чекор по чекор, можете да ги остварите своите желби.

ЧЕКОР 1 идентификувајте ја вашата главна цел и запишете ја на парче хартија. Тоа значи дека ќе мора да бидете многу прецизни. Какви подобрувања сакате да постигнете? Дали сакате да се натпреварувате, да добиете маса или да го намалите процентот на масно ткиво? Ќе се изненадите како целите можат да станат многу појасни кога ќе ги запишете.

ЧЕКОР 2 развијте неколку помали цели, кои постепено ќе ве водат кон остварување на главната цел. Многу е полесно да се постигне краткотрајна цел. Секој од овие краткотрајни цели треба да биде едно скалило до постигнување на главната цел. Кога ќе почнете да ги остварувате една по една краткорочните цели, вашата самодоверба ќе почне да расте, а главната цел која се чинела толку далеку и недостижна, ќе ви биде на дофат на раката.

ЧЕКОР 3 прилагодете го својот дневен ритам, така што со секој ќе бидете поблиску до остварување на целта. Тренингот, исхраната, одморот, суплементите, сето тоа мора да биде запишано и под контрола. Секо чекор мора да води до остварување на целта. Овој дневен распоред исто така треба да се запише и да се стави на некое видно место, така што само по себе ќе служи како мотивација. Секојдневно проверувајте до кој процент го имате следено сопствениот план. Задоволувачки процент се 80% +.

ЧЕКОР 4 – секој ден посветете го на мала визуелизација. Замислувајте се себеси како ќе се чувствувате кога ќе ја остварите својата цел. Какви чувства ќе имате, какво ќе ви биде расположението кога ќе ја постигнете целта. Два пати дневно читајте ја својата цел на глас: еднаш пред тренинг и еднаш пред да си легнете. Затворете ги очите и со кристална јаснотија видете се себеси и своето ново супер масивно тело или издефинирано тело (најчесто во комбинација).

ЧЕКОР 5 наградете се за постигнатите цели. Откако ќе ги постигнете помалите цели, а посебно по остварување на главната цел, мора да се наградите. Секако дека ќе се почестите со сладолед по напорната диета, но тоа не е доволно. Мора да се наградите со позитивни мисли, со гордеење поради постигнатите цели како и за новите цели.

ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ДО СОНОТ:
  • поставете си реални и лесно остварливи краткотрајни цели

  • остварувањето на краткотрајните цели треба да води кон остварување на главната цел

  • дизајнирајте тренинг програма и следете ја

  • болката во мускулите и млечната киселина нека ви бидат знаци дека сте на чекор до постигнување на својата цел

  • постојано предизвикувајте се на тренинг

  • успех е она што вие го кажувате и во што верувате дека е успех, а не некој друг

  • верувајте слепо во себе

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина