Покрај железото, цинкот е најприсутен минерал во човеквото тело. Тој ја оддржува кожата, забите и ноктите здрави, а игра важна улога и во либидото и функционирањето на имунолошкиот систем.​

 

Потребен е за активност на повеќе од 300 телесни ензими, кои учествуваат во биохемиските реакции во телото, синтезата на протеините, производството на хормоните, како и за општа благосостојба на организмот.

 

И покрај тоа, на многу луѓе им недостасува овој важен минерал. Уште повеќе, Светската здравствена организација проценува дека повеќе од третина од луѓето во светот пати од недостиг на цинк во организмот.

 

Тоа најчесто ги погодува вегетаријанците и веганите, кои обично имаат високо ниво фитинска киселина во телото, која ја намалува апсорпцијата на цинкот. Таа се наоѓа во интегралните житарки и мешунки.

 

Исто така, телото на алкохоличарите послабо го користи цинкот од храната, а во ризик се и оние кои патат од псоријаза.

 

Меѓутоа, во најголем ризик се кои кои го одбегнуваат црвеното месо, кое најдобар извор на биорасположлив цинк во нашата исхрана.

 

Неодамнешната студија објавена во списанието “Nutrients”  покажала дека жените кои јадат помалку од 40 грама црвено месо дневно имаат за четири пати поголеми шанси да патат од недостиг на цинк, во споредба со оние кои јадат по 70 грама месо дневно.

 

Некои знаци за недостиг на цинк се наслабнат имунолошки систем, склоност кон настинки, споро зарастување на раните, замор и намалено либидо.

 

Сепак, недостигот на цинк најпрво ќе го забележите во својот одраз во огледало.

 

Опаѓање на косата

 

Покрај честите настинки и инфекции, опаѓањето на косата е најчест симптом за недостиг на цинк. Тој минерал е клучен за размножување на клетките и за протеинска апсорпција, кои се клучни за јака коса.

 

Кршливи нокти

 

Белите точки на ноктите се еден од клучните показатели за недостиг на цинкот. Ако ноктите бавно ви растат, се кршат и пукаат, тоа е затоа што за нивното правилно растење потребно е стабилно ниво на цинк во организмот.

 

Забите не се бели

 

Цинкот е важен и за здрави заби и природно се ноѓѓа во плунката и глеѓот. Ако забележите дека сте чувствителни на мириси, дека ви се менува сетилото за вкус и забележите дека почесто ви се јавуваат афти и имате воспаление на непцата, сосема е можно дека ви недостасува овој минерал.

 

Често се јавува херпес

 

Покрај афтите, оние кои патат од недостиг на цинк се повеќе склони кон херпес. Се може да се реши со воведување намирници богати со овој минерал.

 

Проблеми со кожата

 

Една студија објавена во списанието на турската академија за дерматологија покажала дека 54% од луѓето кои имат проблеми со акните, имаат ниско ниво на цинк во организмот. Тие почесто имаат чувствителна кожа со пеги и ранички кои тешко зарастуваат.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина