Познато е дека морепловецот Џејмс Кук го хранел својот екипаж со кисела зелка како превенција од опасниот скорбут. Себастијан Кнајп, пак, со неа лекувал дијабетес, гихт, изгореници и воспаленија. Лековитоста на киселата зелка ја надминува лековитоста на многу други растенија. Сто грама кисела зелка содржи дури 20 мг. витамин Ц. Следува витаминот A, фолната киселина, магнезиумот, железото, фосфорот, калциумот, калиумот, натриумот и белковините. Одличен извор е на витаминот Б12, па затоа посебно им се препорачува на вегетаријанците и на веганите.

 

Црвената зелка е и до седум пати полековита од белата, а нејзината боја укажува дека содржи и лековити антоцијанини.

 

 

Лек за дигестивниот систем

 

Она по што киселата зелка се разликува од сировата се пробиотичките бактерии. Киселата зелка е изворна ферментирана храна природно богата со пробиотски бактерии. Поради тоа таа е многу важна во лекувањето на болестите предизвикани од дисбаланс на цревната флора, посебно по терапија со антибиотици и хемотерапија. Делува ефикасно врз желудникот и цревата, на нивната перисталтика и микрофлора, со што и годи на дигестијата.

 

Помага и при варењето на масните оброци, го забрзува метаболизмот, што го поттикнува излачувањето на штетните материи од организмот и чистењето и регенерација на црниот дроб. Така ја чисти крвта, го забавува стареењето и ја јакне отпорноста на организмот.

 

 

Лекува рани и изгореници

 

Киселата зелка го поттикнува зарастувањето на раните, а делува и кај реума и воспалени вени. Локално може да се користи за ублажување на чешање на кожата настанато како последица од различни алергиски воспаленија, помали изгореници и каснувања и убоди од инсекти, посебно од пчели или оси. Ако ве мачи главоболка, на челото ставете лист кисела зелка и замотајте го со газа. За подигање на општото расположение и за општото здраvје, секој ден јадете две до три лажици рендана кисела зелка. Оние кои многу консумираат кисела зелка, се посилни и поотпорни на болести. Поради тоа таа им се препорачува особено на постарите лица, на оние со ослабнат имунитет и на децата.

 

 

Благодетите од сокот од киселата зелка

 

Расолот – сокот од киселата зелка – има многу поволниости врз здравјето. Богат е со витамините Ц, E, K и Б, како и со  витаминот У, еден од најретките витамини за лекување чир на желудник и на дванаестпалачното црево. Расолот делува и во борбата против габи и бактерии, штити од воспаленија, и лекува мамурлук.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина