Веројатно имате истражувано за тоа како можте најдобро да ги согорите маснотиите и да изградие мускули, но постојат и одредени митови поврзани со тоа. Еве некои од нив.

Мускулите можат да се претворат во сало, и обратно

Се работи за две потполно различни видови ткива и невозможно е едното едноставно да се трансформира во другото. Ако престанете да вежбате, мускулните клетки ќе се намалат, а клетките на масното ткиво ќе се прошират. Тоа е вистинската причина зошто забележуваме повеќе сало ако се опуштиме и го оставиме тренингот.

Мускулите се потешки од салото

Еден килограм сало е исто колку и еден килограм мускули. Меѓутоа, разликата е во волуменот. Мускулите се покомпактни и погусти, па така еден килограм мускули зазема помал простор од еден килограм сало.

Консумирањето на масна храна создава сало

Сало се формира со внесување на поголем бој калории од потрошените. Секако, за оа може да допринесе маснотијата, но важно е да се разликуваат здравите од нездравите маснотии. Намирниците како што е маслиновото масло и рибата секако треба да бидат вклучени во исхраната, иако содржат маснотии.

Може да се изгуби сало од целни регии

 

Кога на телото му е потребна енергија тоа ја влече од секаде, не само од еден специфичен дел од телото. Значи, ако сакате да го намалите удделот на масно ткиво, ќе го намалувате насекаде. За жал, региите од кои сакате да го изгубите е обично регија на која најдолго се задржува.

 

Не може да се слабее и да се градат мускули истовремено

Навистина, во процесот на согорување на маснотиите телото согорува и дел од мускулите, но на оваа појава може да се влијае со исхрана богата со протеини.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина