Маточина за ублажување на напнатост и депресија
Маточината (пчелник, маточник) (лат. Melissa officinalis) е едно од ретките растенија која истовремено е лековито, мирисно, зачинско, ароматично, медоносно и индустриско. Тоа е многугодишно зелјесто растение од семејството на усноцветни. Потекнува од земјите околу Средоземното Море, но денес се култивира низ цела Европа и Северна Америка. Маточината има лековити својства. Во јужна Европа и северна Африка се одгледува подолго од два милениуми. Расте по дворови, покрај огради и во шуми. Во парковите се одгледува како украсно растение, а во градините како лековита и ароматична. Пчелите едноставно го обожаваат, поради што и го има добиено името пчелник.
Цвета од јуни до септември, а е препознатливо по ситните бели, белузлаво – жолти, синкави и бледорозови цветчиња, како и по мирисот, кој потсетува на лимон, поради што кај народот е познато како ,,лимонова трева,,. Арапите за првпат почнале да го користат во лековити цели, правејќи од него чај против напнатост и депресија. Со оваа пракса се продолжило и во средниот век, а видарите го препорачувале против болки, метаболички тегоби и несоница, како и за поодобар апетит и варење. И денес во Франција со матичникот се отстранува замор и главобока. За поголема ефикасност се комбинира со валеријана, камилица и хмељ.
За лек се собираат листовите пред цветање, а целото растение додека цвета. Се суши брзо и во сенка. Исушени треба да се чуваат во добро затворени стаклени теглички или платнени вреќички, никако во метални кутии.
Најважна состојка во маточникот е етеричното масло, кое се добива со дестилација на водена пареа на растението собрано во фаза на цветање. Ова масло освежува и го поправа расположението, а поради својот исклучително пријатен мирис се користи во фармацијата и во индустријата за производство на парфеми и козметика. Истражувањата на некои германски научници докажале дека ова масло делува на делот од мозокот кој управува со автономниот нервен систем, штитејќи го на тој начин од негативните надворешни влијанија. Поради бројните позитивни карактеристики, посебно им се препорачува на бремените жени против мачнините. Матичникот покрај ова масло содржи во себе и фенолна киселина, флавоноиди, горчливи материи и танин.
Чајот од матичник помага во надминување на стресни ситуации, против депресија, како и кај главоболки предизвикани од нервоза или кај повраќања на нервна база. Ефикасен е и кај нередовни менструации предизвикани како последица од стрес. Освен тоа, го подобрува помнењето, предизвикува убави мисли, го регулира варењето, делува антибактериски, го јакне срцето и помага за зараснување на раните. Исто така, ја чисти крвта, лесно ги шири периферните крвни садови и го намалува крвниот притисок.
Напомена: на оние кои примаат седативи и лекови за штитната жлезда не им се препораува да го користат матичникот без претходно да се консултираат со доктор.
Вредноста на матичникот можеби најдобро ја има опишано францускиот тревар Морис Месеж, кој вели: “Melissa officinalis е кралица на стимулативните треви. На несреќните, неспретните љубовници, на сите оние кои страдаат од чувство на пораз во животот, им го советувам ова волшебно растение, кое го обновува организмот, ја враќа силата и радоста на живеењето.,,