Сите кои имаат пробано, знаат дека не е лесно да се држи диета. Меѓутиа, со оглед на тоа дека постојат различни видови на диети, може да започнете со онаа која ви се чини дека е најдобра за вас, но и за вашето непце. Ако сте љубители на тиква, тогаш ова е вистинската диета за вас. Нема да верувате, но со неа се симнуваат шест килограми за само една недела.

Прв ден

Појадок: печена тиква со морков и сок од лимон. Може да си подготвите и каша од тиква со додаток на житарки (ориз, просо)
Ручек: супа од зеленчук со тиква (можете во неа да додате пиперка, морков, кромид, малку компири, зелен лисјест зеленчук и растително масло)
Вечера: печена тиква

Втор ден

Појадок: салата од тиква, каша
Ручек: пасирана тиква (како пире компир), супа од зеленчук
Вечера: овошје по избор

Трет ден

Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук
Ручек: супа од зеленчук (без компири)
Вечера: две парчиња тост (или пржени лепчиња) и салата од тиква со ананас.

Четврти ден

Појадок: каша од тиква, салата од зеленчук
Ручек: супа од зеленчук и динстана слатка пиперка
Вечера: rрагу (тиква, зеленчук и печурки)

Петти ден

Започнете повторно со менито од првиот ден.

 

Тагови: Диетитиква
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина