Секојдневното сечење нокти може да доведе до сериозни проблеми, велат научниците од Универзитетот во Нотингем. Тие направиле сет од равенки за да ги утврдат физичките закони на раст на ноктите и да ги искористат со цел да се обидат да ги откријат причините за најчестите проблеми со ноктите.

 

  • Неверојатно е што се се подготвени луѓето да направат за ноктите да им изгледаат убаво – вели главниот истражувач Сирил Рауч.

 

Според истражувањето објавено во списанието Physical Biology, редовното сечење нокти може да ја наруши рамнотежата во растењето на ноктите. Со тек на време, ноктот може да го менува обликот, што како последица може да има и многу полоши проблеми.

  • Оние кои секојдневно ги сечат ноктите или ги обликуваат така што да бидат заоблени на аглите, се во најголем ризик – вели Рауч.

 

Кажано поинаку, треба да ја поедноставите негата на вашите нокти и да имате колку што може поедноставен облик, за да можат тие да растат правилно. Истражувачите осмислиле равенка која во предвид ги зема силите кои овозможуваат ноктите да растат. Кога овие сили се вон рамнотежа, или кога ноктите растат пребрзо или пребавни, целиот нокт трпи и почнува да го менува својот облик. Иако физичкиот стрес зависи и од годините и промените во метаболизмот, лошиот маникир и педикир се главните виновнци за нарушувањата.

 

Тагови: нокти
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина