Мафини од јаболка и кардамон
Состојки:
- 2 филџани интегрално брашно (по избор)
- 2 супени лажици мелен лен
- 1 филџан пире од јаболки
- 1/2 филџан млеко од соја
- 1/2 филџан кафеав шеќер
- 2 лажички цимет
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка мелен кардамон
- малку масло
- малку сол
Подготовка:
Во поголем сад ставете го брашното и додадете му ги сувите состојки (зачините, сода бикарбоната, лененеото семе, солта и шеќерот), а потоа додадете ги другите состојки (млекото, пирето од јаболка и маслото) и кратко измешајте ги. Потоа со лажица смесата распределете ја во силиконски калапи за мафини и ставете ги да се печат околу 20 минути на 180C.
Тагови: здрави рецепти