Дали знаете дека во светот на растенијата и печурките, единствено лисичарката (лат. Cantharellus cibarius) е отпорна на сите паразити и микроби. Таа е една од поретките видови која не скапува. Во неа никогаш не може да се најдат црви, бактерии и вируси.

Состојки во лисичарката и нејзината корист во лекувањето

Хиноманоза во месото на лисичарката се наоѓа хемиското соединение хиноманоза, кое делува на сите натрапници во цревата – глисти, амеби, лоши бактерии, така што ги уништува од јајцата, растворајќи ги и целосно уништувајќи ги.

Ергостерол и траметолинската киселина од лисичарката ги убиваат сите видови вируси. Посебно се ефикасни кај сите видови хепатитиси. Исто така, го чисти црниот дроб од сите отрови како и остатоци од лекови. Лисичарката е погодна и при труење со печурки.

Бета-каротен лисичарката содржи трипати повеќе бета-каротен од морковите. Бета-каротенот (провитамин А) е каротеноид кој го штити целиот организам од слободните радикали, посебно влијаејќи на очите и кожата. Придонесува за заштита на кожата и слузницата. Бета-каротенот од неа спречува воспаление на очите, го подобрува видот, ја намалува сувоста на кожата и слузницата на окото. Посебно се препорачува во летните месеци, бидејќи ја штити кожата од УВ – зрачење. Бета-каротенот исто така ги штити и крвните садови (артериосклероза) недозволувајќи оксидација на лошиот холестерол (LDL). Бета-каротенот го поттикнува создавањето на протеинот конексин, подобрувајќи ја страничната на т.н. Мали молекули потребни за обнова на клетките. Бета-каротенот ја обновува слузницата на усната шуплина (против афти) и клетките на влезот од матката. Таа го поправа видот и спречува појава на ноќно слепило.

Витамин Д ,,сончев витамин,, витаминот Д го создава нашето тело со помош на сончевата светлина (ултравиолетовите зраци) и маслата кои се наоѓаат во кожата. Кога ќе потемни кожата, производството на витаминот Д преку кожата престанува. Исто така, кремите кои имаат силен заштитен фактор го намалуваат производството на витамин Д. Медицинските истражувачи од Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн утврдиле дека кортикостероидите значително го намалуваат впивањето на витаминот Д како и лековите за намалување на холестеролот (статини). Ако ја додадеме уште и загаденоста на атмосферата, тогаш не е ни чудно што најновите истражувања кај лица од 20 до 60 – годишна возраст даваат алармантни резултати – 63% од испитаниците имаат недостиг на витамин Д (мерено дури и во пролет).

Дали воопшто го знаеме значењето на витаминот Д?

Витаминот Д е клучен за здравјето на коските и забите, метаболичкиот синдром (дебелина), дијабетес тип 1 и 2 (отпорност на инсулин), автоимуни болестиi (ревматски артритис), остеоартритис, остеопороза, болки во коските и мускулите, карцином на дебелото црева, коските, простатата и јајчници. Со оглед на тоа дека нашето тело добива одвај 40% од витаминот Д преку кожата, неопходно е да се земаат преку храна или преку додатоци во исхраната. Печурката лисичарка е преполна со витамин Д и е вистинско природно решение за недостиг на витаминот Д.

Други витамини и минерали за разлика од другите печурки, лисичарката е богата со витамин Ц (0,4 мг. свежи соединенија), витамин B1 и B2. Од минерали содржи калциум, калиум, железо и цинк.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина