Луѓето, и млади и стари, не се откажуваат од омилената храна, па колку и да е таа најнездрава. Меѓутоа, опасностите од некои намирници не лежат само во големите количини на сол или масти. Ви ги претставуваме петте најсмртоносни јадења и пијалоци кои полека, но сигурно убиваат.

1. Пиперчиња
Можеби не толку омилена храна колку што се омилен зачин, но пиперчињата секако се задолжителна состојка на гурманите. Сите пиперчиња ја добиваат својата зачинетост од хемикалијата која се нарекува капсицин. Овој алкалоид толку многу го иритира човечкиот организам, што денес постојат од него дури и спрејови кои служат за самоодбрана. Војските, пак, имаат дури развиено и чили ,,гранати,,, чија главна состојка е најлутата феферонка во светот.

Претераното консумирање на капсицин може да доведе до тешко труење, па дури и до смрт. Ако изедете по некое луто пиперче, нема да ви штети, но истражувањата имаат покажано дека со секојдневната нивна употреба се оштетува желудникот, што на крајот доведува до канцерогена состојба, чија прогноза никако не е добра.

2. Хот – дог
Омилена закуска на натпреварите, на скарите и фестивалите со себе носи и смртоносни ризици. Имено, на некои пакувања е назначено дека не е потребно готвење или дека можете само на кратко да ги сварите, а тоа го зголемува ризикот од листериоза, која ја предизвикува бактерија ‘Listeria monocytogenes’. Ова е многу сериозна инфекција која се добива со консумирање на непреработена храна, а може да предизвика сепса, менингитис и други сериозни компликации. Според податоците од Американскиот институт за истражување на ракот, дневното консумирање на 50 грама порција преработено месо, може да го зголеми ризикот за добивање рак на дебелото црево, во просек, за дури 21%!

3.Чипс
Еден од најомилените грицки ширум светот, но и нејнездрава. Компирот е генерално здрав зеленчук и пожелно е редовно да биде дел од дневното мени, но проблемот кај чипсот е неговата подготовка и додатокот на многубројни засилувачи на вкусот. Поради мастите, овој симбол на ,,брзата храна,, стана главна причина за прекумерното дебелеење. Меѓутоа, високото ниво на масти во него го зголемува ризикот од срцеви заболувања преку подигање на ,,лошиот,, холестерол. Покрај тоа, разни студии покажале дека високото ниво на консумирање на масти доведува до Алцхајмерова болест, дијабетес и депресија.

 

4. Сокови
Освен забен кариес, од овие, омилени на сите нас, сокови демнат и други опасности. Високата концентрација на кофеин доведува до инсомнија и анкциозност. Исто така, високото ниво на натриум бензоат предизвикува хиперактивност и нарушување на ДНК, која може да доведе до канцерогени заболувања и смрт. Соковите кои содржат бензен ги пијат и деца, а често токму најмладите се во најголема опасност поради пиење прекумерни количини. Постојат и докази дека фосфорната киселина, која ја има во сите безалкохолни пијалоци, го искористува целиот калциум од коските и ткивата и сериозно му штети на имунолошкиот систем.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина