Малкумина знаат дека алуминиумската фолија, освен што има функција во кујната, може исто така и да послужи при лекување на разни здравствени тегоби. Некои од нив се болки во грбот, петите и рамењата. Каква било болка да ве измачува, едноставно само ставете алуминиумска фолија на болното место. Колку и да ви звучи тоа чудно, ќе видите дека по некое време болката на одреден дел од телото исчезнала. Она што за време на лекувањето и прави алуминиумската фолија на болката е помош во спроведување на брановите од микро струењето, кои во нашиот организам се заслужни за информациите за функционирање на органите.

Болката претставува само импулс, па не чуди тоа што мозокот ја регистрира само како информација и таа исчезнува. Кинеската медицина оваа појава би ја објаснила со тоа што струењата на енергиите кои протекуваат низ меридијаните ги елиминираат тегобите и болките, враќајќи се во првобитната состојба. Болката која ја чувствуваме е всушност последица од неправилниот ток на енергиите. Со секој орган е поврзан одреден меридијан, па така преку регулирање на струењето на енергиите низ одредени меридијани, се лекува и органот со кој тој меридијан е поврзан. Ваквиот начин на лекување се практикува одамна во руската и кинеската медицина. Па така, ако ве боли грбот или петата од ногата, едноставно само замотајте го болното место со алуминиумска фолија и прицврстете го со фластер.

Освен кај болен грб, рамења и пети на нозете, со фолијата може да се лекуваат и болки во нозете, вратот, рацете и зглобовите, ишијас, трпнење, ревматски артритис и наслојки од сол. На ист начин, како што наведовме погоре, можат да се лекуваат и лузни од операции. Терапијата со фолија се препорачува да се спроведува околу 12 дена. Секој ден треба на болното место да се става нова фолија, која ќе стои на него преку целиот ден и ноќ. По 12 дена треба да се направи пауза од две недели, па доколку тегобите не поминат, третманот може да се повтори во целост.

Фолијата е одлично противоспалително средство, па може со неа да се лекува и настинка. Ако сте настинати, виткајте ги стапалата со неа 7 дена. Помеѓу секој слој ставете памучна ткаенина, а може да се стави и хартија. Држете ги така стаалата завиткани околу еден час, па тргнете ја. Повторете ја постапката по два часа. Оваа постапка треба да се повторува три пати, со меѓупаузи од два часа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина