Овој незабележлив, однадвор црн, а одвнатре белузлаво – жолт корен помага буквално за се – кај скршеници (загноени коски), израстоци на коските на рацете и нозете, кај проширени вени, болки во вратот, болки во долниот дел на рбетот, болки во рамењата, проблеми од остеопороза, нарушувања на циркулацијата, хемороиди и уште многу други здравствени проблеми.

Кај сите видови модринки, каснувања, рани и згрутчувања на крвта помага тинктурата која е подготвена од коренот на гавез. Гавезот содржи во себе хормон ауксин, кој со леснотија создава ново ткиво, поради што раните брзо зараснуваат, додека алантоинот во него, како активна состојка на коренот, ја поттикнува гранулацијата и регенерацијата на ткивата. Гавезот е незаменлив при воспаление на тетивите, контузии, артитис, дисторзии (исчашувања), хематоми, тромбофлебитис и друго. Тинктурата подготвена од ова растение зазема почесно место во козметиката за лице и раце. Нејзина одлика е да ја обновува и препородува опуштената и збрчкана кожа (посебно околу очите).

За надворешна употреба против гихт не постои подобар лек од гавезот. Неговата тинктура се има покажано како одлична и за лекување на воспаление на нервите.

Рецепт за тинктура од гавез

100 гр. корен од гавез се става во 700 мл. јака ракија или алкохол во едно пластично шише и се остава да отстои на темно место 14 дена. За тоа време на секој трет ден се протресува шишето. По 14 дена се процедува и се чува во темно стаклено шише на студено место. Со оваа тинктура се мачкаат болните места три пати на ден. Хомеопатите тврдат дека не постои човек на кој не му помогнала оваа тинктура.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина