Едноставни навики со кои засекогаш ќе се ослободите од главоболката
Доколку патите од главоболка на неделна или пак дневна база, веројатно таблетите нема многу да ви помогнат. За да се ослободите од честите главоболки ви откриваме неколку едноставни и делотворни решенија.
Отворете ги прозорците
Ако просторот во кој престојуватене го проветрувате доволно често, концентрацијата на мириси од различни парфеми, чад, па дури и мувла, како и други надразнувачки стедства драстично е зголемена. Тоа ја влошува главоболката на секоја четврта личност, која и инаку страда од неа, покажало истражувањето на Џон Хопкинс Универзитетот. Отворете ги прозорите и така останете доволно долго додека од собата не излезат сите мириси. Повторувајте го ова колку што е потребно за свежиот воздух да циркулира низ вашиот дом, велат авторите на оваа студија.
Јадете ѓумбир
Додајте половина лажичка свеж ѓумбир во секојдневната исхрана бидејќи тоа би можело да ги намали дури и хроничните главоболки во рок од една недела, велат експертите од Манчестер Мемориал Хоспитал. Заслугите за тоа се припишуваат на активната состојк гингерола. Истражувањата спроведени во Данска покажуваат дека тоа е силно противвоспалително соединение хемиски слично на аспиринот кој ги блокира леукотриените, соединенија кои ја поттикнуваат болката во мозокот.
Користете ѓумбир за да го збогатите вкусот на компирот, оризот, супите, сосовите, изрендајте го врз сладоледот или ставете го во чајот.
Очила за сонце
Секоја трета главоболка ја предизвикува – или влошува – изложеноста на сончева светлина, тврдат научниците од UCLA . Поточно, кога силната светлина удира во деликатна мрежница во очите, се предизвикува болка. Да се поштедите од оваа болка, ставете очила за сонце пред да излезете од затворен простор, дури и кога мислите дека не ви требаат.
Етерично масло од мандарина
Три пати на ден по една минута вдишувајте го слаткиот мирис на етеричните масла од мандарина и минимизирајте го ризикот од тензична главоболка во период од една недела, советуваат научниците од Универзитетот Стенфорд. Ароматичните соединенија на мандарината го смируваат централниот нервен систем, ослободуваат од напнатоста на вратот и мускулите.
Бидете внимателни со билните лекови
Ако заради главоболката користите лекови на рецепт, пред да започнете да користите некои хербални лекови треба да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт. Истражувањето на Универзитетот во Јута покажа дека некои од најпопуларните билни препарати, како што се гинкото, женшенот, кантарионот или валеријаната – може да ги неутрализираат или ублажат дејствата на лековите против болка, што доведува до нови појави на непријатната главоболка.
Загрејте се пред вежбање
Според истражувањето на Универзитетот во Колумбија, кај жените склони кон главоболки можат да се појават болки во рок од пет часа по завршувањето на вежбите, доколку претходно не се загреале добро. Што е причината? Брзите промени во протокот на крв може да предизвикаат болно отекување на крвните садови во мозокот. За да го спречите овој проблем, првите десет минути од вежбањето треба да бидат со лесно темпо, а потоа постепено зголемувајте го интензитетот.
Консумирајте повеќе вегетаријански оброци
Кога жените својата исхрана ќе ја збогатат со големи количини на овошје, зеленчук, мешунки и цели зрна, се намалува зачестеноста на главоболката и за 70 проценти , а нападите се 66 проценти пониски и помалку болни, велат лекарите од Лома Линда Универзитетот во Калифорнија.
Здравите јаглехидрати содржат стотици природни антиинфламатори , кое брзо ја намалуваат количината на причинители на главоболката кои ги предизвикува телото .
Балансирајте го нивото на естроген
Речиси 60 проценти од жените се борат со најлошите главоболки непосредно пред нивниот месечен циклус. Таканаречените менструални мигрени предизвикуваат голем пад на естрогенот.
Ако употребувате орална контрацепција која содржи плацебо таблети, разговарајте со вашиот лекар за да ги прескокнете плацебо ( неактивните) таблети за нивото на естроген да остане стабилно цел месец. Ако не користите пилули , размислете за користењето на естрогенски фластери во текот на неделата пред менструацијата за болките да не се појават.
Будете се секогаш во исто време
Наспијте се, но немојте да се задржувате предолго во кревет. Според истражувањето на Универзитетот на Тексас , 79 проценти од луѓето кои страдаат од главоболки, се повеќе склони кон болка доколку во кревет останат премногу долго – дури и ако секоја вечер имаат иста количина на сон.
Менувањето на времето на будење има огромно влијание врз мозочните функции, го намалува прагот на толеранција на болка и ја зголемува веројатноста од појава на грчеви на мозочните крвните садови, објаснуваат експертите.
Поставувајте го аларм будилникот секое утро во исто време, дури и за време на викендите .
‘Рчењето
Ноќните апнеи, кратките прекини на дишењето за време на спиењето, предизвикуваат гласно ‘рчење , дневен умор и утрински главоболки . Прекините на дишењето му овозможуваат на јаглерод диоксидот да навлезе во крвотокот, што е моќен активатор на главоболки, објаснуваат истражувачите. Ако ве предупредиле дека ‘рчите гласно или престанувате да дишете во текот на спиењето, информирајте го вашиот лекар. Истражувањата покажаа дека третирањето на апнеата може да помогне утринските главоболки да исчезнат за само два дена.
Земете мелатонин
Дури и ако немате ноќна апнеја, мудроби било да земете некое природно помошно средство за спиење . Во едно бразилска студија, кога пациентите склони кон мигрена земале 3 милиграми мелатонин 30 минути пред спиење , зачестеноста на главоболките ( и нивото на болки) било намалено на половина ! На секој четврти испитаник, овој едноставен третман му помогнал за тоа комплетно да исчезнат главоболките во рок од три месеци! Се чини дека хормонот кој го поттикнува спиењето помага да се спречи еден од најчестите предизвикувачи на мигрената – количината или квалитетот на ноќното спиење.
Ублажете го стресот посветувајќи си време на себе
Одвојте си 30 минути за себе секој ден, во кои ќе можете да се опуштите и одморите – вашитеглавоболки би можеле да се преполоват после само две недели , велат истражувачите од Државниот универзитет во Јута.
Времето во кое ќе си се посветите сами на себе драстично го намалува производството на хормони на стрес, кои ја поттикнуваат главоболката. Обидете се со купки, длабоко дишење, јога, дремка или било каква релаксирачка активност која лесно може да се вклопи во вашиот дневен распоред.
Ублажете ги повратните главоболки
Ако имате барем три главоболки неделно, добри се шансите дека се борите против повторливи главоболки (болки кои се враќаат секој пат кога делувањето на лековите против болки ќе попушти). За брзо да го решите проблемот, пробајте со обичен аспирин или парацетамол. Иако повеќето од лековите против болки кои се продаваат без рецепт предизвикуваат враќање на болките, овие два лека се потполно невини – велат експертите.
Направете промени и вашата болка може да биде преполовена во текот на само една недела.
Кога е време да посетите лекар
Ако ниту едно од овие решенија не ви помага, најверојатно имате мигрена и треба да се консултирате со лекар со цел да ја држите под контрола.
Според експертите од болницата во Кливленд, на жените со мигрена често им се потребни превентивни лекови за да ја држат болката под контрола. Сепак, точно поставена дијагноза имаат помалку од половина од луѓето со мигрена. Ако имате само еден од овие симптоми на мигрена и вашите методи за справување со нејзе не дале резултати , консултирајте се со вашиот лекар:



