Не можеме да ја одбегнеме староста, но токму поради стравот од таа неизбежност забораваме да се подготвиме за неа. Причините поради кои јогата е совршена за ,,подготовка,, за староста се бројни:

  • Му помагаат на телото да зајакне, да стане поподвижно и поеластично отколку што можете да замислите. Исто така, ги отстранува болките во вратот, грбот, рацете и нозете
  • Бара концентрација и критичко размислување

  • Ве учи да се гледате себеси, што е важно пред да решите да им помогнете на другите. Со преземањето на позитивно размислување кон светот, лошото расудување за некого ќе се промени во емпатија

  • Ја разбива монотонијата, ве Става пред нови предизвици, ве искушува да пробате нови нешта.

  • Ви помага да се прифатите себеси, да ги сознаете своите граници и можности, без разлика во која старосна доба сте

  • Продонесува подобро да спиете и ве поттикнува да попримите здрави навики

  • Се запознавате со нови луѓе за време на тренингот, со кои можете да одите на театар или во кино

Трите јога пози кои ќе ви донесат олеснување по напорниот работен ден и кои ќе ви помогнат спокојно да потонете во сладок сон, кој и тоа како ни е потребен, ни ги претставува Едвард Вилга, јоги со дури 30 – годишно работно искуство. Вилга е автор на ,,Јога во креветот: 20 асана вежби кои можете да ги направите во пижами“.

Модифицирана божица

Утката конасана, односно позата на божица, обично се изведува во стоечка положба и изгледа вака:

Во варијантата за поубав сон, направете ја нејзината модификација во кревет. Легнете на грб, свиткајте ги колената кон надвор и спојте ги стапалата. На тој начин ги спојувате душите на стапалата во една, додека колената ви паѓаат слободно во страна, а нозете формираат облик на дијамант. Испружете ги рацете над главата (слично на позата од сликата) и исправете го вратот.

Можете да ставите перница под главата или рамениците, за да ја намалите тензијата. Малку поткренете ја карлицата од душекот, исправете го долниот дел од грбот и останете во оваа поза околу 12 вдишувања.

Извртување на рбетот

Додека лежите легнати на грб, испружете ги нозете, протегнете ги, а рацете раширете ги во страна, со дланките свртени кон горе. Свиткајте ја десната нога во коленото и одржувајте се на душекот, поставувајќи го стапалото колку што може поблиску до задникот. Со левата рака фатете се за десното колено и повлечете ја ногата во лева страна, се додека не почувствувате дека е добро затегната во таа свиткана поза. Главата полека свртете ја во страната каде ви стои отворената дланка поставена на креветот и останете во таа поза 10 -12 вдишувања. Повторете ја вежбата со левата нога и десната рака.

Релаксирање на нозете

Кренете го нозете на ѕид и со телото формирајте облик на латинската буква “L”. Исправете го грбот, а рацете испружете ги над главата или прекрстете ги дланките на градите. Лесно вдишувајте и издишувајте неколку минути. Ќе почувствувате како ве напушта напнатоста, посебно ако сте биле на нозе цел ден.

Тагови: јогасон
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина