Лазањи со тиквички
Состојки:
- 600 гр. тиквички
- 50 гр. путер
- 1 лажичка зачин
-
бел мелен пипер
- 12 листови за лазањи
-
сол
- 100 гр. горгонзола
- 50 гр. моцарела
- 15 гр. пармезан
За бешамел сос:
- 50 гр. путер
- 50 гр. пченично остро брашно
- 1 л. Млеко
- 1 лажичка зачин
- бел мелен пипер
Подготовка:
Тиквичките измијте ги и исечете ги надолжно на тенки парчиња. Потпечете ги на путерот, наросете со зачин и пипер и тргнете ги од огнот.
Лазањите сварете ги на кратко во посолена вода околу 2-3 минути, во која имате ставено неколку капки масло за да не се залепат листовите, или користете лазањи кои не се варат.
За бешамел сосот, на путер малку пропржете го брашното. Постепено налевајте топло млеко и постојано мешајте додека не се добие хомогена смеса. Додајте зачин и по потреба посолете.
На дното од еден огноотпорен сад ставете малку од бешамел сосот, наредете еден ред лазањи, врз нив распределете го бешамелот, тиквичките, ренданата моцарела и горгонзола. Врз нив наредете уште еден ред листови лазања и повторете ја постапката, така што на последниот лист ставете бешамел сос, рендан кашкавал и пармезан.
Печете околу 25 минути во рерна загреана на 220°C