Целта на сировата прехрана (raw food) е да ги обезбеди сите важни нутритиенти и минимално да го оптовари варењето, а базата и е свежа природна храна, овошје, зеленчук, јаткасти плодови, алги, никулци и свежо исцедени сокови. Подготвената храна се смета за празна, бидејќи со загревањето се губи или менува структурата на витамините, минералите, ензимите и влакната, па поради тоа не треба да се изложува на температура повисока од 46 степени целзиусови.

Исхраната исклучиво со сирова храна не е нова идеја. Таквата прехрана ја промовирал уште во 19 век Силвестер Грејам, кој заговарал дека луѓето никогаш нема да се разболуваат ако консумираат постојано исклучиво неподготвена храна.

“Raw food” подразбира внимателно планирање и смислени оброци. При процесот на подготовка има миксирање, цедење, маринирање, ферментирање (на пример, мешунките и житарките се оставаат да ферментираат за да омекнат, за да можат да бидат сварливи за организмот). Затоа овој начин на исхрана се смета за многу комплициран, иако обезбедува најмногу влакна, минерали и витамини и антиоксидативни фитохемикалии. Најголем број луѓе кои се на сирова исхрана конзумираат големи количини овошје, семки, јаткасти плодови и зеленчук.

sirova-hrana1

 

Термичката обработка на храната традиционално се користи во сите познати современи човекови култури. Но, исхраната само со овошје и зеленчук доведува до појава на недостиг на цинк и железо, можно е губење на коскената маса, недостиг на омега-3 масните киселини и др. Покрај витамини, минерали и антиоксиданси од овошјето и зеленчукот, на организмот му се потребни и аминокиселините и маснотиите од храната од животинско потекло. Освен тоа, иако е многу здраво да се вклучат многу сирови намирници во исхраната, некои сепак треба и да се подготвуваат, за од нив да се ослободат сите хранливи материи и за да се неутрализираат природните отрови кои некои намирници ги содржат. Начелно, житарките и некои мешунки треба да се готват. Правилно зготвените спанаќ, кељ, домати и моркови имаат поголеми нутритивни вредности и полесно се варат. Луѓето со намалена функција на штитната жлезда треба да одбегнуваат да консумираат сирови намирници затоа што содржат гоитрогени, хемиски супстанции кои го блокираат производството на тироксинот. Спанаќот, магдоносот и листовите од цвеклото содржат оксална киселина, која може да му штети на варењето и која може да го блокира апсорбирањето на железото и калциумот, па затоа се препорачува овие намирници да се готват.

Не постојат цврсти докази кои би потврдиле дека сировата храна е поздрава од зготвената. Лековиот ефект од исклучиво сировата храна врз малигните болести не е докажана, а нутриционистичката вредност на сировата храна кај овие болни е неизвесна.

Недостиг на калориска вредност

Исхраната со сирова храна е сиромашна со калории, брзо води до губење на килограмите, па потребно е да се внимва да се одржува идеалната телесна тежина. Следбениците на “raw fooda”, освен ако не се вегани, јадат месо, јајца и риба. Омега-3 масните киселини настојуваат да ги внесат со јаткастите плодови, но во дневното внесување на калории не треба да се најдат повеќе од 10% од вкупната количина калории од јаткастите плодови. Точно дека консумирањето сирова храна го зголемува внесувањето на влакна, се внесуваат помалку соли, се зголемува внесувањето на алкален калиум, што може да го спречи развојот на карциноми и болести на крвните садови, но од друга страна може да се покаже и како непрактично и рестриктивно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина