Кога станува збор за тибетанската јога, се верува дека дека таа ни помага да ја зголемиме психичката сила преку употреба на разни движења, а може да се употреби и во вид на исцелителска уметност. Иако овој метод на вежбање е развиен во 70-те години, кум ние јогата е стара 15 векови. Нејзина крајна цел е да ги обедини духовните, физичките и емоционалните аспекти на човековиот живот. Положбите кои се практикуваат во кин ние јогата ги има развиено тибетанскиот лама Тартанг Тулку, кој несебично ги пренесувал своите откритија на другите, со надеж да ги употребуваат неговите положби на сила и релаксација. Во овој облик на вежбање е вклучен и еден облик на медитација кој му помага на човекот да дојде во допир со самиот себе и со надворешниот свет.

Положбите на кум ние јогата овозможуваат промена меѓу тишината и медитацијата со помош на намерни движења. Исто како и движењата, така и мирната состојба влијае на градење на силата, додека во некои положби е многу тешко да се остане смирен. Сите положби се осмислени така да ни ја извлечат сета енергија на површината, за да можеме полесно да се поврземе со неа.

Еден од најважните фактори при правилното изведување на движењата на тибетанската јога е контролирањето на дишењето. Ние со тоа што ќе го држиме телото во одредена положба, одреден временски период, ја будиме свеста за мускулите во своето тело. Промената на положбата треба полека да се одвива. На овој начин стануваме свесни за секое свое движење и се поврзуваме со движењето. Поголем дел од времето, во текот на секојдневните активности, телото полека се придвижува, без размислување, а тибетанската јога не ,,приморува,, да размислиме за секое движење кое телото ќе ни го направи. Сето ова е од голема важност за рамнотежа и за интеграција на енергиите во нашиот организам.

Моќта на дишењето

Еден од поновите видови на кум ние јогата кои се практикуваат ширум светот е и моќта на дишењето, која помага да ја спознаете моќта на секое вдишување како и да научите правилно да го користите.

Дишењето, како што ни е познато на сите нас, е мотор на нашето живеење. Ритамот на нашето дишење е воедно и ритам на нашето живеење. Кај кум ние јогата правилното дишење е од голема важност. За на накој начин да го скротиме дишењето, потребно е да создадеме внатрешен простор преку движења и положби, бидејќи поради тоа што го правиме на физичкото тело мораме да создадеме позитивни шаблони на дишењето. На тоа ниво на кум ние јогата дишењето, телото, умот и чувството би требало да се спојат во едно. Медитацијата со дишење ни помага да го испуштиме сето она што ни предизвикува стрес. Ако вдишувањето ни е слободно и лесен, умот се отвора, а енергијата е подготвена за позитивна промена. Овие промени треба да настанат природно, без обиди за контрола на умот, бидејќи во тој случај ќе се почувствува тензија во дишењето. Кум ние е многу ефикасен начин за да го ускладиме своето дишење со природата, а со тек на време сите аспекти од нашето битие се ускладува со фрекфенцијата на природата.

Петте положби на тибетанската јога

Тибетанската јога е позната и како јога која го забавува процесот на стареење на начин на кој го чисти умот и го подобрува општото здравје преку отворање на чакрите (седумте центри на енергија во телото).

Ширум светот е многу позната вежбата која се состои од петте положби на тибетанската јога, за која се верува дека подмладуваат, го забавуваат процесот на стареење и го подобруваат здравјето.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина