Крвните групи ја одредуваат импотенцијата
Во светот голем број припадници на машката популација имаат проблеми со потенцијата. Само во Велика Британија милиони мажи патат од еректилна дисфункција предизвикана од стареење, дебелина и болести како што е дијабетесот. Меѓутоа, научниците од неодамна откриле дека за неа може да постои уште една изненадувачка причина – а тоа е крвната група.
Новата студија покажува дека мажите со крвна грпа А, Б или АБ имаат и до четири пати поголеми шанси да патат од импотенција или еректилна дифункција во однос на оние мажи кои имаат 0 крвна група. Наодите се потенцијално значајни, бидејќи се проценува дека повеќе од половина од сите мажи имаат А, Б или АБ крвна група, додека отприлика 44% од нив имаат нулта крвна група. Научниците кои дошле до ова откритие велат дека тоа го поддржува претходното истражување кое покажало дека крвната група влијае на ризикот од настанок на срцеви болести.
Еден од 10 мажи пати од еректилна дисфункција во некој момент од животот, а некои студии покажуваат дека од неа е погодена повеќе од една третина постари од 40 години. Иако лековите како вијаграта донесоа револуција во лекувањето, околу 30% од мажите кои ја земаат немаат никакво подобрување. Досега докторите мислеле дека на овој проблем влијае начинот на живот и дека пушењето, дебелината и високиот крвен притисок се клучни поттикнувачи. Но, најновата студија направена на Универзитетот Орду во Турција сугерира дека многумина можат да бидат изложени на ризикот од проблеми само поради крвната група со која се родени.
Во италијанската архива за урологија и андрологија се чуваат резултатите спроведени над 350 луѓе во шеесеттите години, а тие исто така покажуваат дека луѓето со А, Б или АБ крвна група имаат три-четири пти поголеми шанси да ,,паднат,, во спалната соба од оние со нулта крвна група. Само 16% од луѓето со нулта крвна група имале проблем во споредба во споредба со 42% луѓе од групата А. Дури и кај пушачите или хипертензичарите разликата е и понатаму значајна.
Се уште не е јасно како крвната група влијае на сексуалната функција, но студиите веќе цел еден век утврдуваат како крвната група може да биде ризик за бројни состојби, вклучувајќи ги болестите на срцето, ракот, неплодноста и болестите на цревата. На пример, многу се помали шансите маж со крвна група нулта да добие болест на срцето од оние кои припаѓаат на други крвни групи. Една теорија е дека луѓето со нулта крвна група имаат помал генетски ризик. Исто така, истражувањата покажуваат идека е помалку веројатно дека ќе имаат високо ниво на холестерол, кој го отежнува протокот на крв во гениталиите.
Заклучокот од студијата е дека А, Б и АБ крвните групи носат поголем ризик за еректилна дисфункција, a Дејвид Голдмејер, стручњак за сексуална медицина на колеџот Империјал во Лондон, Велика Британија, рекол дека затоа теба да водат дополнителна грижа за своето здравје – со цел да се осигураат дека ќе имаат и здраво срце и нормален, здрав сексуален живот.
Тука е многу важна и здравата исхрана и здравото живеење пред се.