Во едно мало истражување на научниците од Грција, се покажало дека секојдневната консумација на чај од камилица, може да помогне во спречување на болести на црниот дроб, па дури и да се спречи формирањето на клетките на ракот.

Учесниците пополниле прашалник во која били вклучени и прашања за нивниот начин на живот, вклучувајќи ги и навиките во исхраната. Резултатите покажале дека луѓето кои пијат чај од камилица, имаат 3 пати помал ризик од развој на рак на црниот дроб.

Но, резултатите, исто така, покажале дека чајот од камилица не е оној кој директно го намалува ризикот, туку начинот  на исхрана. Всушност, луѓето кои јаделе многу риба, свежо овошје и зеленчук, и здрави масти, главно, биле во подобра здравствена состојба, и ако и во сето тоа пиеле дневно и чај од камилица, нивната здравствена состојба дополнително ќе се подобрела.

Кај голем број на луѓе во светот, секоја година се дијагностицира  рак на црниот дроб, а истражувањата покажале дека со усвојувањето на здрав начин на живот, ризикот од заболување на црниот дроб може драстично да се намали.Во  ова истражување  биле вклучени 113 луѓе кои не страдале од рак на црниот дроб и 286 со бенигно заболување на црниот дроб.

По споредувањето на резултатите од прашалникот, земајќи ги во предвид возраста, полот и индексот на телесна маса, резултатите се уште останале непроменети: дневната потрошувачка на чај од камилица помага во намалување на ризикот од развој на рак на црниот дроб, и други болести на црниот дроб.

Луѓето, кои пијат чај од камилица 2-6 пати неделно имаат 70% помал ризик од абнормалности на црниот дроб. 30 години редовно пиење чај од камилица,додатно го  намалува  ризикот, дури и до 80%. Чаевите во целина, а не само чајот од камилица, може да го подобри целокупното здравје на телото, бидејќи тие содржат состојки кои имаат анти-воспалителни и антиоксидативно делување. Покрај тоа, научниците веруваат дека луѓето кои секојдневно консумираат чај, генерално водат поздрав живот, се поактивни и нивната исхрана е поздрава.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз