Она што многу луѓе не го знаат за Кристијан Бејл е тоа дека тој направи многу трансформации на неговото тело низ годините, за да го постигне најуверливиот изглед за филмот во кој глуми. Кристијан во потполност е посветен и предаден на својата рутина за вежбање и исхрана. За неговата улога во филмот „Машинист“ тој мораше да изгуби над 25 килограми и тој навистина го стори тоа.Тој ги загуби речиси сите мускули за да одговара на улогата на анорексичен психопат за овој филм. Многу лекари му сугерираа дека ова не е здраво и имаше многу ризици по здравјето, но тој сепак го стори тоа. Потоа, Бејл требаше да се здебели 25 килограми во 5 месеци, за своето тело од Машинист да го претвори во мускулестиот Бетмен.

betmen3

 

Бетмен нема некои посебни моќи, сета негова способност произлегува од неговите вештини за набљудување, физичките атрибути и силата која мора да ја одржува на највисоко можно ниво. За да ја добие оваа улога , на Кристијан му беше потребно тело кое со изглед на врвно физичко совршенство, но истовремено и изглед на извонреден спортист и вешт борец.

transformation1

 

Сила и зачестеност

Рутината на Кристијан за постигнување на изгледот на суперхерој во филмот Бетмен се состои од комбинација на сложени вежби, експлозивни и силни движења, како и агилни и моќни тренинзи  чија главна цел е создавање на тело, кое е подеднакво визуелно импресивно, но исто така и брзо и атлетско како кај суперхерој.

Кај сложените вежби се користат  повеќе зглобови и движења во една вежба, што овозможува  зајакнување на различни мускулни групи и кардио вежби во исто време,  а кон ова може да се додаде и истовремено зголемување на мускулна маса, брзина и агилност.

Експлозивните силни движења се моќни вежби со тежини, изведени со брзи експлозивни движења како што се чучњеви со скок или експлозивен бенч потисок. Кога се прават чучњеви со скок, се почнува со нормална позиција за чучњеви, а потоа експлозивно се дигнува телото, со скок најбрзо што се може на контролиран начин. Движења како овие ќе развијат сила и што е важно брзина и брза реакција преку развој на белите мускулни влакна.

 

transformation2

Вежбите на Кристијан Бејл за  филмот The Dark Knight Rises :

Прв ден: Моќ

Подигнување на тегови над брадата во суперсерија со веслање кабли – Вежба за загревање.

-4 сета со по 12 повторувања.

Експлозивно подигнување на шипката над брадата – Најважна е експлозивноста на движењата кон  горе.

-4 сета со по 10 повторувања.

 Snatch Hang High Pull – многу ефикасна сложена вежба во која се ангажираат повеќе мускули во исто време, одлична за градење сила

-4 сета со по  10 повторувања.

Втор ден: Брзина и агилност

Спринт – поставете две растојанија во оддалеченост  од 30 метри и 40 метри

-5 сета од 30 метри спринт.

-5 сета од 40 метри спринт.

Одморајте една минута помеѓу сетовите.

Чучњеви со скок – експлозивни движења нагоре, подигнете го телото нагоре, дигајќи ги и  двете стапала над земјата.

-4 серии од по 10 повторувања.

Исчекор

-4 серии од по 10 повторувања

Трет ден: сила и брзина

Влечење тегови на клупата – се користи како загревање на третиот ден.

-3 серии од по 12 повторувања

Експлозивен бенч потисок- Спуштете ја шипката надолу полека, а потоа експлозивно подигнете ја во воздухот

-4 серии од по 10 повторувања

Рикошет скокнувања- Скокнете врз подигната платформа пред вас, или за дополнителна брзина и агилност означете триаголник на подот и скокајте наизменично помеѓу аглите на триаголникот.

-Макс. 30 минути или додека не се направи грешка.

Четврти ден: Одмор

Ден за одмор- само 10-20 минути пливање и 30 минути истегнување.

Петти ден: Сила

Повторете ги вежбите од првиот ден.

Шести ден: Брзина и агилност

Повторете ги вежбите од вториот ден.

Седми ден: сила и брзина

Повторете ги вежбите од третиот ден

Исхраната на Кристијан Бејл

За да ја издржи интензивната рутина на вежбање и да овозможи обновување и опоравување на мускулите, исхраната на Бејл се состои од биланс на добри масти, протеини и јаглехидрати во идеален сооднос : 1: 2: 3. Бејл морал  да се осигура дека количеството на протеини кои ги консумира е од  1.5-2  грама протеини на секој еден килограм телесна тежина. Тоа значи дека големото количество на внесени протеини дневно се најдобриот сојузник во оформувањето на мускулната маса. Бејл исто така ги послушал советите на нутрицинистите и јадел на секои два-три часа.

Ако се мачите  со препорачаната дневна доза на храна, препорачливо е да го потпомогнете внесот на протеини со користење на протеински шејкови. Протеинските шејкови не само што содржат големи количества протеин во себе, туку се и најдостапен и најздрав начин кога се сака да се потпомогне исханата со суплементи.