Копарот (лат. Anethum graveolens) е едногодишно растение попознато уште под името и како анита, дил или миродија. Прататковина му е Азија, но благодарение на посебниот вкус и лековитоста се проширил низ цела Европа. Неговото име се споменува уште и во египетските стари текстови, додека во античка Грција и во Рим се сметал за симбол на богаство и за универзален лек. Античкиот доктор Хипократ го спомнува како средство за оддржување на хигиената и здравјето на усната шуплина.

 

Во народната медицина, копарот е познат како свестран лек, кој помага кај несоница, бавна дигестија, мачнини, болки, артритис и нарушувања во менструалниот циклус. За лековитоста на копарот е потврдено и со научни истражувања.

 

Лековити својства на копарот

 

Копарот е многу повеќе од обичен лек. Благодарение на богатството од минерали и витаминскиот состав како и силните монотерпени и флавоноиди, тој има силни лековити и нутритивни вредности. Од минералите ги содржи калциумот, железото, магнезиумот, фосфорот, цинкот, бакарот и манганот. А, од витамините, тука се А и Ц, витаминот Б6, тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина и фолна киселина.

 

Научните истражувања потврдиле дека копарот помага кај:

 

  • лоша дигестија
  • несоница
  • ослабен имунитет
  • кашлица, настинка и грип
  • слаб апетит
  • икање
  • лош здив
  • болки предизвикани од артритис
  • наслабнато работење на црниот дроб
  • чистење на крвта
  • мачнини
  • нарушен менструален циклус

 

Ослободува од дигестивни проблеми

 

Копарот помага при тегоби кај лоша дигестија, мачнини, грчеви и проливи. Го активира лачењето на жолчката и дигестивните сокови, а воедно ја стимулира и перисталтиката на цревата и ја спречува појавата на гасови.

 

Спречува несоница

 

Копарот од дамнина се користи како лек протов несоница. Го поттикнува лачењето на ензимите и хормоните кои имаат смирувачки  и заспивачки ефект.

 

Го јакне имунитетот

 

Благодарение на богатиот витамиснки и минерален состав, копарот го јакне организмот и го штити од инфекции. Во тоа посебно му помага витаминот Ц. Исто така, помага и при исфрлање на вишокот вода и сите штетни материи од организмот.

 

Смирува икање

 

Копарот го смирува целиот организам и помага при исфрлање на гасовите и спречува создавање на нови. Со опуштање на организмот и спречување на појава на гасовите се губи и икањето.

 

Помага при болки предизвикани од артритис

 

Благодарение на изобилството на калциум и противвоспалителното дејство, копарот ги јакне коските и ги намалува болките кај артритис и гихт.

 

Орална нега

 

Народен лек кој одамна се користи против лош здив е џвакањето свежи листови од копар. Освен што има освежително дејство, тој исто така спречува инфекции во устата и ги штити непцата и забите.

 

Го смирува организмот

 

Не само што спречува несоница, копарот исто така ги смирува и нервите и делува пријатно врз целиот организам.

 

Го регулира менструалниот циклус

 

Копарот помага кај нередовни менструации, бидејќи ја стимулира работата на хормоните кај жените.

 

Чај од копар

 

Чајот од копар помага кај дигестивни тегоби, грип, несоница и нервоза. За чај може да се искористат семето или листовите од копарот (свежи или сушени). Со врела вода (2,5 дл.) се прелеваат 4 лажички семе од копар или 2 лажички од неговите иситнети листови. Чајот треба да отстои поклопен дваесеттина минути. Се пие незасладен.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина