1. Алое вера

Сокот од алое вера го поттикнува растот на косата, но исто така тој е многу корисен и за нега на кожата на главата. Исечете неколку листови Алое вера, потоа секој пресечете го на половина, за да излезе сокот од нив, и со кружни движења масирајте го коренот на косата со него. Со тоа се подобрува циркулацијата на главата и тој подобро се апсорбира. Маската оставете ја да стои најмалку два часа или преку ноќта.

2. Маска од пантенол

Д-пантенолот е синтетски витамин Б5. Неговите својства се одлични за обнова на фоликулите на косата. Тие го спречуваат нејзиното губење. Како да се користи маската од пантенол? Измијте ја косата како обично, а пантенолот нанесете го во облик на гел или пена, фокусирајќи се на коренот.

3. Измијте го скалпот со студена вода по миењето на косата

Студената вода ги затвора порите и ја подобрува циркулацијата, што доведува до побрз раст на косата. Како дополнителен бонус, косата ќе стане и видливо посјајна.

4. Мијте ја косата со јаболков оцет

Јаболковиот оцет ги активира фоликулите на косата, што е многу важно за бујна коса, а повторувањето на оваа постапка неколкупати во месецот ќе биде сосема доволно. Јаболковиот оцет може да се користи и место регенератор, само не треба да се измива. За разлика од винскиот, јаболковиот оцет нема силна миризба.

5. Маска од протеини

Испробајте ја оваа маска: земете две јајца, отстранете ги белките од жолчките. Потоа белката ставете ја на коренот од косата, измасирајте го, а потоа добро исплакнете ја косата.

6. Маска од јајца и коњак

Јајцата се преполни со протеини, а коњакот содржи танини, кои го стимулираат растот на косата. Земете две јајца и чаша коњак и измиксајте ги во блендер или само со вилушка и добиената смеса нанесете ја на коренот од косата. Додајте маслиново масло, а ако сакате да ја примените маската на цела должина од косата, тоа ќе и даде мекост.

 

7. Користете етерични масла

Јојоба, бадем, лаванда, рузмарин или мајчина душица... Овие етерични масла имаат благопријатно дејство врз фоликулите од косата, снабдувајќи го скалпот со голем број витамини и растителни компоненти. Измешајте ги овие масла во чинија или додајте ги во кокосово масло. Смесата нанесете ја на коренот на косата и почекајте 2-3 часа. Потоа измијте ја косата со вообичаениот шампон.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина