Многу современи нутриционисти и стручњаци во областа на здравата исхрана препорачуваат зголемен внос на здрави растителни протеини, но повеќето луѓе сепак не консумираат доволно храна која е богата со корисни материи. Меѓутоа, некогаш е многу тешко да се протолкуваат сигналите кои ни ги испраќа организмот за да не предупреди да го промениме и подобриме начинот на исхрана. Доколку ви се појави некој од следниве симптоми, можно е да не внесувате доволно протеини.

1. Имате зголемена потреба за слатки

 

Еден од првите знаци за недостиг на протеини е зголемениот апетит за слатки. Иако можеби ви се чини дека недостигот на протеини може да предизвика глад за некоја солена или посилна храна, тоа баш не е така. Меѓу позначајните функции на протеините е и одржувањето на нивото на шеќер во крвта, па недостигот на протеини предизвикува огромна желба за да посегнеме по слатките.

2. Не можете да се сконцентрирате

 

Балансираното ниво на шеќер во крвта е многу важно за да останете фокусирани и сконцентрирани. Кога ви недостасуваат протеини, вашето ниво на гликоза постојано варира.

3. Ви опаѓа косата

 

Протеините ни го прават цврсто целото тело. Ако го намалите внесот на значајните протеини, може да забележите дека ви паѓа косата

4. Чувствувате слабост

 

Веројатно знаете дека протеините се многу важни за јакнење на мускулите. Ако го намалите вносот на значајните материи, може да почувствувате како немате доволно сила.

 

5. Често сте болни

 

Вашите бицепси не се единствениот дел од телото на кој протеините делуваат позитивно. Ако често сте болни или настинати, можно е да не весувате доволно протеини, па имунитетот да ви е ослабнат. Уште еден знак за недостаток на протеини е и појавата на заноктици.

 

Ова се богатите извори на протеини:

  • Грашок  шолја грашок содржи околу седум грама протеини.
  • Спанаќ  во една шолја спанаќ има околу шест грама протеини.
  • Компир  еден компир со средна големина содржи три грама протеини.
  • Брокула  овој здрав зеленчук не е богато само со влакна. Имено, во шолја брокула има околу четири грама протеини.
  • Прокељ  една шолја прокељ содржи четири грама протеини, 247 милиграми калиум и 110 микрограми витамин К.
  • Пченка  знаеме дека пченката се издвојува од претходните групи по тоа што е житарка, но две порции зрна пченка, односно една шолја, содржи два грама корисни протеини.

 

Тагови: протеини
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина