Постојат некои работи кои се предодредени и не можеме да ги промениме- на пример на генетиката и биологијата не може да влијаеме. Но, од друга страна, ние можеме да го промениме нашето однесување и да работиме на тоа да бидеме поздрави . Во продолжение следуваат неколку навики на здравите жени.

zdrava zena_naslovna

1 ) Здравите жени ги одржуваат пријателствата

Во една студија објавена минатата година се дошло до заклучок дека доколку жените кои имаат рак на дојка се изолирани од другите луѓе, имаат поголема шанса да умрат од оваа болест , додека една друга студија заклучува дека жените кои страдаат од рак на јајчници и кои имаат голема поддршка од пријателите и семејството имаат пониско ниво на протеин кој се поврзува со сериозниот вид на оваа болест .

Некои други истражувања покажауваат дека пријателството го подобрува когнитивното здравје и го продолжува животот.

2 ) Здравите жени редовно одат на прегледи

 Здравите жени редовно одат на контроли и снимање за да не се случи нешто што би ги изненадило. Ако сте меѓу оние луѓе кои не одат на лекар се додека не се разболат, променете ја оваа навика.

 3 ) Здравите жени знаат многу за своето тело

Никој не може да го познава вашето тело подобро од вас самите. Здравите жени редовно ги контролираат своите дојки и веднаш ќе воочат доколку има промени, го следат својот менструален циклус и обрнуваат внимание на знаците кои нивното тело им ги испраќа. На овој начин, тие се активни учесници во зачување на нивното здравје .

4) Сериозно приоѓаат кон лечењето

Едно истражување покажа дека жените се помалку внимателни од мажите кога станува збор за земањето на лековите. Здравите жени знаат дека негрижата може многу да ги чини и ги земаат пропишаните лекови редовно и во одредениот временски период.

5) Добриот сон е еден од нивните приоритети

 Сите знаеме колку е важно спиењето за здравјето. Едно истражување покажува дека 3 од 10 жени имаат квалитетен сон само неколку ноќи месечно. А здравите жени знаат колку е важен сонот за здравјето на умот и телото и прават сè што можат за добро да се наспијат.

6) Имаат добар секс (со или без партнер)

Истражувањата покажаа дека сексот го зајакнува имунолошкиот систем и го намалува крвниот притисок. Една студија дури откри дека оргазмот е добар за здравјето на мозокот – оргазмот го подобрува протокот на крв во мозокот.

7) Имаат заштитен сексуален однос

Здравите жени знаат колку е важно да се заштитат себеси. Само во САД годишно се откриваат 19 милиони луѓе заболени од различни сексуално преносливи болести. Иако од нив може да заболат и мажи и жени, повеќето од ваквите болести ги зафаќаат жените.

8) Пронашле вежби кои им одговараат и се трудат редовно да ги практикуваат

 Едно истражување спроведено врз жени од седумдесет години открило дека оние жени кои редовно вежбале се неспоредливо поздрави од жените кои биле неактивни. Здравите жени знаат дека физичката активност е важна, го нашле начинот на вежбање што им одговара и се придржуваат кон него.

9) Го менуваат начинот на исхрана во различни периоди од животот

Најдобро е исхраната да биде разновидна. Но, здравите жени знаат дека во одредени периоди од животот навиките мора да се променат.

 На пример, жените кои сакаат да забременат, мора да конзумираат поголеми количини на фолна киселина, а повозрасните жени треба да земаат повеќе калциум.

10) Не претеруваат со алкохол

Алкохолот делува поинаку кај жените отколку кај мажите. Жените се многу почувствителни и алкохолот кај жените може да предизвика сериозни последици. Жените кои неделно пијат повеќе од седум чаши алкохолни пијалоци имаат поголем ризик да заболат од хипертензија и рак, како и да доживеат мозочен удар.

12) Го проверуваат своето ментално здравје по породувањето

Околу 13 проценти од жените паѓаат во депресија по породувањето. Постои разлика меѓу промените на расположението во текотна првите недели по породувањето и тешка постпородилна депресија (која трае подолго и може да се јави во текот на првата година од животот на бебињата). Ако губењето на апетитот, промените во расположението и апатијата се траат повеќе од две недели, треба да се обратите кај доктор.

13) Внимателно ја одбираат козметиката

Козметиката може да содржи многу штетни материи, а на козметичките производи често не постои предупредување кое ја ограничува употребата од безбедносни причини. Затоа здравите жени обрнуваат внимание на состојките на производите што ги купуваат.

14) Медитираат

Кога станува збор за здравјето, телото и умот се неразделно поврзани. Многу истражувања потврдија дека медитацијата е добра за здравјето на нашиот ум, додека некои дошле до заклучок дека одредени видови медитации можат да бидат добра превенција за спречување на болести на срцето и може да го намалат крвниот притисок.