Околу 15% од жените, во разни фази од животот, чувствуваат неудобост и болка при сексуалниот однос. Овој проблем не треба никако да се занемарува и мора за истиот да му се укаже на гинекологот. Гинекологот потоа при прегледот ќе провери дали постои некаков проблем кој е виновник за таквата состојба. Нема потреба да се поднесува било каква и да е болка, ниту да ви биде непријатно да побарате помош во решавањето на интимните проблеми.

Овде одговараме и гледаме кои се најнепријатните прашања за жените за кои повеќе сакаат да не зборуваат:

1. Од која причина понекогаш чувствуваме непријатен мирис од вагината?

Причината за овој проблем може да варира од сосема неопасен до многу сериозен, како што се малигни заболувања во поодмината фаза. Неретка појава е вагинозата, но може да се јави и од стрес, од одредена храна која ја консумираме или како последица од габична инфекција.

2. Што може да биде причина за сувост на вагината?

Воглавно се работи за габична инфекција, но всушност постојат бројни причини поради кои доаѓа до сувост на вагината. Се јавува и поради намалена продукција на полови хормони. Стресните ситуации влијаат на целиот организам, па и на вагината. Исто така, може да е работи и за хормонален дисбаланс, промена на пх вредноста на вагината или за промена на режимот на исхрана.

3. Зошто некои жени можат да доживеат оргазам додека мастурбираат, но не и со патнерот за време на сексуален однос?

Причината е многу едноставна – некои жени едноставно не можат да се опуштат доволно со партнерот како кога се сами. Некои жени не се ни доволно искрени со партерот и не кажуваат што им годи, а што не. Сето ова влијае врз квалитетот на сексуалниот однос, па и на (изостанувањето) на оргазмот.

4. Дали треба да не загрижи чешањето на вагината, кое се појавува повремено?

Секоја промена на телото или во организмот се пројавува. Доколку постои некаков проблем или непријатност секако би требало да го контактирате вашиот гинеколог и да се посоветувате со него. По прегледот и разговорот со пациентот, тој ќе заклучи дали ќе треба да препише терапија и за што се работи. Најчесто чешањето е поврзано со некоја габична инфекција која може да се излекува со вагиналети. Но, ова не мора да биде единствената причина. Чешањето може да се појави како резултат на нешто што ја нарушило киселоста на вагината.

5. Зошто понекогаш не ни е до секс?

Како и кај сувоста на вагината, стресот често може да биде причина. Но, може да биде и предменструалниот период, во кој честопати не се чувствуваме најдобро или доволно расположено за сексуален однос.

6. Дали можам да забременам во менопауза?

Почетокот на менопаузата е означен со последната менструација во животот. Резултат на тоа е губење на активноста на јајниците, а со тоа и произвдството на овариските хормони естроген и прогестерон. По менопаузата не е возможна нормална бременост.

7. Дали срамните усни ми се со нормален изглед?

Најчесто одговорот на ова прашање е потврден. Сите не сме исти, немаме иста висина, тежина, боја на очи или коса, па така имаме и варијации во големината, обликот или бојата на срамните усни.

8. Повремено ,,испуштам,, по некоја капка. Дали е тоа нормално?

За жал, инконтенцијата погодува голем број на жени, и тоа најчесто во периодот по менопаузата, а почеста е кај оние жени кои почесто раѓале. Таа е сериозен проблем кој води до губење на самопочиттта, често се јавува депресија, изолираност и повлеченост во себе и одбегнување на сексуални односи и интимност. Но, треба да се сфати дека сепак инконтиненцијата е проблем за кој денешната медицина има броји решенија (вежби, лекови, помагала и разни оперативни зафати).

 

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина